Дневен хороскоп за 31.12.2013.ОвенПревиско летнавте, па тешко може да ја прифатите суровата стварност. Уметничките души ќе бидат среќни и за сите незадоволства ќе најдат компензација во уметноста, а оние што не се занимаваат со уметност ги очекуваат загуби. Ги расфрлате парите на сите страни.БикДоколку не сте наметливи ќе ја избегнете омразата од другите. Со самото тоа ќе го ублажите јазот што настанал. Имате одлични особини, но претерувате во доследноста со што на партнерот и на блиската околина им одите на нерви. Најдете златна средина. БлизнациБидејќи максимално се заложувавате на работното место, потребата за опуштање и уживање во комфор станува многу силна. Моменталните планови се нереални, па заборавете ги. Свртете се кон филозофијата, уметноста и спортот, бидејќи само така ќе можете да ја избегнете кризата.
РакОд нешто не се откажувате по никоја цена. Неуморни сте и тврдоглави, секако на ваша штета. Бидејќи е евидентен силниот напор во решавањето на проблемите, потребен ви е одмор. За жал, го немате! Проблемите со апаратите долеваат масло на оганот. Внимавајте од повреди.ЛавВо фаза сте на големо подготвување план за дружење и пријателство. Веќе многу пријатели оттурнавте од себе, а спрема останатите треба да се биде реален. Доколку не очекувате премногу, нема да се разочарате. Обидете се да ги согледате сопствените слабости. Можеби ни вие не сте идеални.ДевицаКон некого чувствувате силен флуид. Фантазирате за средба од која премногу очекувате, па може и тоа како да ве разочара. Само доколку се дружите со Риби или ако се занимавате со уметност, ќе го ублажите незадоволството. Фантазирате за далечни краеви и патувања.
ВагаПо секоја цена сакате да истерате некоја своја правда, па поради тоа се карате. Ви недостасува толеранција. Мислите дека секогаш сте во право, а дека сите околу вас грешат. Ако го промените ставот и однесувањето, имате шанси да го поминете денот убаво.СкорпијаИако деловно сте успешни, можни се емотивни проблеми. Пречувствителни сте бидејќи многу размислувате и се грижите, и оправдано и неоправдано. Доколку успеете на момент да се оддалечите од партнерот, ситуацијата ќе биде појасна. Времето работи за вас, па сега ви се советува тактизирање.СтрелецИзразено друштвен ден полн со конструктивни идеи и успешни контакти. Овенот се обидува да минира некои ваши потези, но тоа нема да му појде од рака. Во моменталната ситуација имате предност, знаете повеќе, па тој мора да попушти. Се на се, многу активности.
ЈарецОбидете се да ги исправите недоразбирањата во врска со саканото лице. Ќе биде лесно ако имате само една обврска, но доколку се растргнете на повеќе страни може да имате сериозни здравствени проблеми. Организирајте се да не падне се на ваш грб.ВодолијаДенешниот ден го поминувате во специфично расположение. Можеби со Стрелците поинтензивно ќе се дружите или ќе воспоставите поблиска врска. Бидејќи апетитот е засилен, а неадекватната исхрана влијае на здравјето, внимавајте околу овој проблем.РибиНе се чувствувате лошо. Можна е поврзаност со јавниот живот. Со партнерот ве очекува заеднички успех и изразено блиски односи, но и тешкотии доколку не прифатите некои обврски што се очекуваат од вас. Како што гледате, ништо не е црно и бело. ОвенПревиско летнавте, па тешко може да ја прифатите суровата стварност. Уметничките души ќе бидат среќни
Пронајдете не на следниве мрежи: