Мицубиши призна дека манипулира со извештајот за емисија на ниво на штетни гасови

Јапонската автомобилска компанија Mitsubishi Motors, објави дека има фалсификувано податоци од тестови за потрошувачката на гориво на своите модели за да го намали нивото на штетните гасови. Акциите на компанијата паднаа над 15% во средата, со бришење 1,2 милијарди долари од нејзината пазарна вредност, соопштува Ројтерс.Тецуро Ајкава, претседател на шестиот најголем производител на автомобили по пазарна вредност во Јапонија, се поклони во знак на извинување за време на прес-конференција во Токио поради она што се претвори во најголемиот скандал во Mitsubishi Motors по прикривањето на автомобилски дефекти пред повеќе од една деценија.
Акциите на компанијата паднаа над 15% до 733 јени (6.729 долари), што е најголем еднодневен пад на компанијата повеќе од 12 години.
Во 2000 година, Mitsubishi Motors откри дека се прикриени извештаи за безбедност и жалби на клиенти. Четири години подоцна, компанијата призна повеќе далекусежни проблеми, враќајќи се децении наназад. Тоа беше и најголемата сервисна акција во Јапонија.
Компанијата изјави дека манипулација на тестовите вклучува 625 илјади автомобили, произведени од средината на 2013 година досега. Тие вклучуваат продажба надвор од Европа: моделите Mitsubishi eK Wagon, Dayz и Dayz Roox, како и 468 илјади слични возила, произведени за Nissan Motor.
Mitsubishi Motors објави дека ќе престане производството и продажбата на овие автомобили и дека создава независна комисија која ќе го испита случајот.
Компанијата има продадено над 1 милион автомобили минатата година.
Mitsubishi Motors е првиот јапонски производител на автомобили кој пишува за измама со тестови за потрошувачка на гориво, откако минатата година стана јасно дека Volkswagen ги манипулираше тестовите за емисија на штетни гасови на дизел автомобили.
Јужнокорејските автомобилски производители Hyundai Motor и Kia Motors, во 2014 година договорија казни за 350 милиони долари со американската влада поради вештачко зголемување на оценките за економичност при потрошувачката на гориво на автомобилите. Тие склучија договори и кои им се претставени на сопствениците на автомобили.Тецуро Ајкава, претседател на шестиот најголем производител на автомобили по пазарна вредност во Јапонија, се поклони во знак на извинување за врем

Пронајдете не на следниве мрежи: