Audi ја започна годината со нова рекордна продажба

> Испораките во месец јануари се зголемија за 4% или околу 143.150 возила
> Директорот на продажба Дитмар Фогенрајтер изјави: „Зголемувањето на испораките на сите светски пазари е потврда за нашата избалансирана стратегија за раст“
> Голема побарувачка за Audi Sport моделите.По рекордната продажба минатата година, AUDI AG ја стартуваше новата година со нов продажен рекорд со 143.150 испорачани возила во месец јануари, компанијата успеа да го подобри продажниот рекорд во светски рамки за 4% во првиот месец од 2016 година. Побарувачката на премиум автомобилите се зголеми особено во Европа, каде што беше забележан раст на продажбата за 6,5% со испорачани 59.900 автомобили. SUV модели на брендот се двигатели на растот на глобално ниво. Кумулативно продажба на Audi Q3, Q5 и Q7 се зголеми за 20,3% во споредба со истиот период минатата година или вкупно од околу 46.350 спортско корисни возила.
„Ја започнавме новата година со брзо темпо и испорачавме повеќе автомобили од било кога досега во месец јануари”, изјави Дитмар Фогенрајтер, член на одборот за маркетинг и продажба во AUDI AG. и додаде: „Ние добивме нови клиенти во Америка, Европа и Азија. Тоа покажува колку добро е избалансирана нашата стратегија за раст“
Клиентите во САД со голема страст го очекуваат знаменосецот на Audi Sport, новиот Audi R8. Кој за прв пат беше преставен преку одличната Audi реклама на Супер Боул. Audi R8 е супер автомобилот и еден од хероите во „Audi Commander” од минатиот викенд, спотот со големиот хит на David Bowie – „Starman” сугерира дека управувањето со R8 е како управување на вселенски брод. R8 ќе биде изложен во салоните на Audi во САД оваа пролет.
Во Европа, испораките од најновата генерација на R8 двојно се зголеми во месец јануари. Модели на Audi Sport го продолжија нивниот успех. Во 2015 година, Audi во светски рамки испорача повеќе од 17.000 RS и R модели, со што беше забележан е раст од 13%. Во Европа, Audi Q7 ја удвојува продажбата со секој месец од неговото воведување на пазарот во јуни 2015 година. Во јануари, забележан е нов рекорд кај испораките на овој модел со околу 3.150 возила.По рекордната продажба минатата година, AUDI AG ја стартуваше новата година со нов продажен рекорд со 143.150 испорачани возила во месец јануари, к

Пронајдете не на следниве мрежи: