Првиот автобус без возач пренесе шестмина патници!

Автобус од јавен транспорт, кој се движи на струја и без возач. Тоа не е заплет од научно-фантастичен филм, бидејќи беше виден низ холандските улици.Проектот сѐ уште е експериментален, но целта е во иднина овој вид автобуси да ги заменат сегашните кои се движат на гориво и рачно се возат.
„Брзината од 8 километри на час не е рекорд, но досега беспилотните возила не се користени за јавни патишта“ – вели техничкиот директор Јан Вилем ван дер Виел.
Иако беспилотните автомобили се тестирани и друг пат, ова е првиот автобус кој е предвиден за употреба во јавниот превоз.
Експериментот беше одржан пред неколку дена, а во автобусот се возеа шест храбри патници коишто се осмелија да се вклучат во проектот.
Погледнете го видеото:
Проектот сѐ уште е експериментален, но целта е во иднина овој вид автобуси да ги заменат сегашните кои се движат на гориво и рачно се возат.

Пронајдете не на следниве мрежи: