Новиот родстер со средишно поставен мотор со четири цилиндри: Porsche 718 Boxster

По 20 години откако првиот Boxster го имаше своето деби, Porsche ги преработи своите средишно поставен мотори. Ознака на новата генерација на модели е 718 Boxster и 718 Boxster S.Кабриолетот со две седишта е со зголемена моќност, а во исто време автомобилот е многу поекономичен од својот претходник. Со новите модели, Porsche ја продолжува традицијата на средишно поставени „Boxer” мотори со четири цилиндри, своевремено вградувани кај Porsche 718 спортските автомобили што освоија бројни титули во 50-тите и 60-тите години од минатиот век, меѓу нив и легендарните Targa Florio и Ле Ман.
Кај новиот модел, средишно поставен е ново развиениот четири цилиндричен мотор со турбо полнење. 718 Boxster развива 220 kW (300 КС) со својот 2.0 литарски мотор, додека пак 718 Boxster S развива 257 kW (350 КС) со својот 2.5 литарски мотор. Кај S – моделот, Porsche, користи турбо полнач со променлива геометрија на турбината. Всушност Porsche сега е единствениот производител кој нуди VTG технологија во производството на автомобили со бензински мотори,  пример за тоа е 911 Turbo и а сега и 718 Boxster S. Импресивна е зголемената моќ од 26 kW (35 КС) во однос на претходните Boxster модели како и ефикасноста на новите турбо мотори. Новите 718 Boxster модели се поекономични со горивото за 13%.
Целосно нова шасија и посилните сопирачки нудат страст и спортско задоволство при возењето. Дизајнот на новиот модел исто така е сеопфатно преработен. Возилото во целост е ревидирано во делот кај поклопецот на багажниот, ветробранското стакло и покривот на кабриолетот. Во внатрешноста веднаш се забележува ново дизајнираната пилотската кабина. Покрај тоа, се вградува и последната генерација на Porsche комуникациониот систем (PCM) со екран осетлив на допир кој доаѓа како стандард. Навигација е достапна како опција.
Лансирање на нова 718 Boxster генерација се случува прв пат по 1960 година, со што Porsche повторно започна со производство на спортски автомобили со средишно поставен мотор со четири цилиндри. Турбополнењето значително го зголемува вртежниот момент. Моторот 2.0 кај 718 Boxster има максимален вртежен момент од 380 Nm (100 Nm повеќе во споредба со претходникот) кој е на располагање помеѓу 1.950 и 4.500 вртежи во минута. Моторот со 2.5 литри кај 718 Boxster S постигнува 420 Nm (60 Nm повеќе во споредба со претходникот) кој на располагање е помеѓу 1.900 и 4.500 вртежи во минута.Кабриолетот со две седишта е со зголемена моќност, а во исто време автомобилот е многу поекономичен од својот претходник. Со новите модели, Po

Пронајдете не на следниве мрежи: