Еве поради каква грешка „Форд“ ќе изгуби 500 милиони долари!

„Форд“ во петокот соопшти дека од северноамериканскиот пазар ќе повлече 850 000 автомобили поради проблеми во системот со воздушните перничиња. Се проценува дека поправањето на грешката ќе ја чини американската компанија околу пола милијарда долари.Возилата „Escape“, „Fusion“, „C-MAX“, како и „Lincoln MKZ“, ќе бидат повлечени од пазарот, бидејќи е откриено дека поради можниот краток спој во контролната единица, може да се случи воздушните перничиња и сигурносните појаси да не се активираат при судар.
Првите финансиски последици поради повлекувањето, Форд ги почувствува уште во петокот, во вид на благ пад на вредностите на акциите на берзата.
Како што соопшти во понеделникот, претседателот на Форд за американскиот пазар, Џозеф Хинрих, таа компанија за поправка на повлечените автомобили ќе мора да одвои околу 500 милиони долари. Возилата „Escape“, „Fusion“, „C-MAX“, како и „Lincoln MKZ“, ќе бидат повлечени од пазарот, бидејќи

Пронајдете не на следниве мрежи: