Возилото со електричен погон, кое е наменето за иднината, ќе разнесува стока низ град со нула емисија на штетни гасови.
Глобалниот тренд на големите градови, кои имаа 10, 15 или 20 милиони жители е поврзан со зголемените барања за нови транспортни решенија. Се повеќе и повеќе производи и стоки се доставуваат во градовите и се изнесуваат надвор од нив. Во исто време, државните органи бараат значително намалување на емисиите на штетни гасови, како и усогласување со строгите мерки за емисија на СО2.
Покрај тоа, многу големи градови спроведуваат рестрикции за пристап на возилата и парични казни со цел да се избегне смогот и да се намалат отровните честички. Сега e-Co-Motionконцепт возилото, со електричен погон од брендот Volkswagen Комерцијални возила, го нуди потенцијалното решение.
Според д-р Екхард Шолц, портпарол на управниот одбор на Volkswagen Комерцијални возила, градското комбе треба исклучиво да биде дизајнирано за електричен погон, а корисниците да имаат многу придобивки од неговите возни својства. Според спецификацијата на проектот, приоритет е возилото да има мали димензии и да биде лесно за маневрирање, да биде прегледно и да има висока положба на седење. А покрај тоа, возилото има ергономски седишта за долги патувања и во него лесно се влегува и излегува. Товарењето се изведува полесно поради ниската подлога на товарниот простор, а капацитетот на товарниот простор е голем. Целиот товарен простор треба да биде направен од единствена платформа која понатаму може да послужи како основа за други варијанти на возилото.
Електричниот погон е монтиран на задната оска, а за подобро вртење, аголот е поголем при вртење на тркалата на предната оска со што се подобрува маневрирањето, тоа е особено важно кога се вози во град. Како резултат на поголемиот агол возилото е единствено во класата чии круг на вртење изнесува 8,95 метри. Континуираната излезна моќност изнесува 50 kW / 65 KC, максималната моќност изнесува 85 kW / 115 КС, додека максималниот вртежен момент 270 Nm со кој се овозможува добро забрзување дури и кога возилото е многу натоварено.
Иако намената е градската испорака, e-Co-Motion има максималната брзина до 120 км / ч, и може да се вози во град, на автопат и на кратки меѓуградски релации.
Предвидени се три типа на батерии кои ќе се вградуваат: батеријата со капацитет од 20 kWh со која може да поминат околу 100 километри, со 30 kWh која може да помине 150 км и конечно батеријата со 40 kWh која има опсег од 200 км.
Ова се само неколку примери за иновации од брендот Volkswagen Комерцијални, кој на саемот во Женева оваа година го претстави возилото e-Co-Motion. Идеално комбе за иднината со нула емисии на CO2.Возилото со електричен погон, кое е наменето за иднината, ќе разнесува стока