Porsche 911 GT2 RS со повеќе од 1000 КС

Porsche во 2010 година го претстави моделот 911 GT2 RS, основан на генерацијата 997, кој е најмоќниот 911 во сериско производство.

Во фабричко издание, автомобилот со 3.6 – литаски, шестцилиндричен мотор  и два турбо компресора произведува 612 КС и 700 Нм. И се разбира, се тоа има прилично висока цена од 237,578 евра.

Но, се ова не било доволно за германскиот тјунинг бренд Wimmer RS, кој престави пакет наменет за сопствениците на овој модел, кои ги има вкупно 500.

Овој пакет му овозможува на овој модел да развива 1006 КС и 1108 Нм максимален обртен момент. Забрзувањето до стотка го постигнува за само 3.4 секунди, а неговата максимална брзина е 389 км/ч. 

Погледнете ги следниве статии

Видео: Не е Ferrari за секого

Gemballa GT Porsche 911 Carrera S

 

Пронајдете не на следниве мрежи: