Конзорциум Euro NCAP на новиот „аudi А3“ му додели максимални пет ѕвезди за пасивна безбедност. Резултатите за заштита од фронтален, заден и страничен удар, како и безбедност на децата и пешаците го прават новиот „аudi А3“ еден од најбезбедните автомобили во својата класа
Тест инженерите го наградија „аudi А3“ со највисоки оценки за безбедноста на возачот и совозачот при фронтален и страничен удар. За децата ,исто така, е овозможена многу добра заштита во новиот „аudi А3“, а Euro NCAP,го издвои потсетник за сигурносниот појас на предните и особено за задните седишта. Двата система кај овој автомобил доаѓаат како стандард.
Заштита на пешаците е клучно прашање за компанијата „Audi“, а производителот излезе со извонредно решение кај новиот „аudi А3“. Специјално дизајнираниот преден дел, се подига во случај на судир со користење на пиротехнички механизам, ги ублажува последиците од судирот. Сите тие карактеристики му помогнаа на новиот „аudi A3“ да добие одлични оценки.
Згора на тоа, Audi ја вреднува активната безбедност над мерките одредени од Euro NCAP. Стандардните дневни светла го прават „аudi A3“ повеќе видлив за пешаците. Другите системи за помош на возачот како на пример адаптивен темпоматот со сензор во предниот дел, Audi асистент за движење во лента и преминување во лента, екранот со ограничување на брзината и останатите препораки и информации сега се на располагање како опција кај моделот од компактната класа. Истото важи и за системот за осветлување со опсежни адаптивни светла како и како опцијата со целосни LED светла, кои до денес беа само достапни само во повисоката категорија.
Дополнително, „аudi A3“, како стандард има „multicollision“ сопирачка – безбедносна функција која во 2012 година ја освои наградата Жолт Ангел од германската автомобилска организација ADAC. Оваа функција може да му помогне на возачот во случај на сообраќајна несреќа со што се намалува опасноста при лизгање и ризикот од понатамошни судири.
Euro NCAP конзорциумот е основан во 1997 година и е составен од претставници од европските транспортни министерства, автомобилски здруженија, осигурителни компании и организации за заштита на потрошувачите. Конзорциумот прави опширни испитувања на перформансите при судир кај новите автомобили. Барањата на Euro NCAP тестирањата далеку ги надминуваат стандардите кои се поставени со европските закони.
Пронајдете не на следниве мрежи: