Ужас во воздухот: AirAsia и повеќе од тоа

Годината 2014, е одбележена како година со најголем број авионски несреќи во последната декада. Документарецот „Ужас во воздухот: AirAsia и повеќе од тоа“, ги следи случувањата од 28-ми декември 2014, кога летот 8501 на авиокомпанијата AirAsia со 155 патници и седум членови на екипажот, исчезнува во бурата само 40 минути по полетувањето за Сингапур, заокружувајќи ја трагично годината.Документарецот ќе почне да се прикажува од 10-ти април во 22 часот на Discovery каналот. Во него експерти од оваа област, откриваат загрижувачки детали од оваа несреќа кои се поврзани со несреќата на Air France од 2009. Ја истражуваат најмодерната технологија како би се спречиле авионските несреќи во иднина. Документарецот одговара на прашањето на секој патник: Колку е сигурен вашиот следен лет?
Приказната за летот 8510 на AirAsia, се споредува со останати трагедии кои не така одамна се случија, како на пример летот 447 на Air France и летот 370 на авиокомпанијата Malaysia Airlines. Документарецот истражува како сè полошите временски услови на Земјата, влијаат на авиоиндустријата. Ќе се испитува и зачестената појава на таканаречени супер-бури, кои ги изложуваат авионите на голем ризик. Човечкиот фактор секако не е исклучен, и ќе се истражува дали современата авионска технологија создава прекумерена зависност на пилотот со автоматизацијата што резултира со информациско преоптоварување во критичните моменти.
Документарецот се темели на ексклузивни интервјуа со познати светски експерти од оваа област како и со личности кои се тесно поврзани со тематиката, вклучувајќи ги и адвокатите на семејствата на жртвите.
Документарецот ќе почне да се прикажува од 10-ти април во 22 часот на Discovery каналот. Во него експерти од оваа област, откриваа

Пронајдете не на следниве мрежи: