Многубројни се жените кои се спремни да ги поднесат сите тешкотии само за да имаат дете, но за некои жени оваа цена е превисока. Што ако не сте створени да бидете типична трудница? Мојата чудна бременост е серијал на TLC каналот кој нуди суров и интимен приказ на подемите и падовите на тие трудници. Ќе запознаеме многу идни мајки како Алис која боледува од вирусно заболување на кожата, кое се манифестира како херпес и Катја која е опседната со вежбање и несака да престане во текот на бременоста.
Овие мајки се соочуваат со нивните недостатоци и инвалидитети а со тоа и нивниот необичен начин на живот. Желбата, исчекувањето, и љубовта се водечките емоции низ целата серија. Идните мајки користат свои видео камери за да го документираат своето искуство и ги воведуваат гледачите во нивниот свет од самиот почеток па се до пораѓањето и после него.
Мојата чудна бременост е серија од шест епизоди, а во големото финале ќе ги гледаме мајките како се справуваат со нивните бебиња. Првата епизода започнува во петок од 21 часот.
Мојата чудна бременост е серијал на TLC каналот кој нуди суров и интимен приказ на подемите и падовите на тие трудници. Ќе запозн