Ова се секс сцените кои го шокираа светот

Сексот за секого е интересна тема, а ова се секс сцените кои го шокираа светот. Оставаат голем впечаток поради тоа што во нив се појавуваат холивудски ѕвезди. Следнава листа со видеа не ја препорачуваме за лица со слабо срце.  
 A Clockwork Orange(Пеколен портокал)
Ова е најстариот филм на листата, но со сцените во него претставува еден од најконтроверзните и најбизарните во историјата. Веќе 40 години филмот е на првото место на најконтроверзни. 

The Girl With the Dragon Tattoo (Девојката со тетоважа змеј
Овој римејк од 2011 година содржи експлицитни сцени и затоа се наоѓа на второто место. Главната протагонистка во филмот Лизабет Саландер е брутално силувана од страна на нејзиниот старател .

Antichrist (Антихрист)
Филмот е преполн со насилство и контрверзии. Почнува со секс сцена меѓу двајца родители,кои откако ќе ги види нивното дете, се фрла низ прозорецот и умира. Верувале или не, ова е една од помалку страшните сцени во филмот. Насилен секс, мазохизам и садизам се главните карактеристики на овој филм.

American Psycho (Американски психо)
Актерот Кристијан Бејл во филмот глуми социопат и убива две жени,едната за време на сексот, а другата откако ќе проба да му побегне. Оваа комбинација на секс и насилство предизвика бројни реакции.

American History X (Американска историја Х)
Филмот изобилува со вознемирувачки сцени. Сепак, сцената во која Дерек(Едвард Нортон) е силуван под затворски туш од затворска банда, е најконтроверзна.

Eyes Wide Shut (Очи широко затворени)
Филмот со Никол Кидман и Том Круз е исполнет со еротска интрига, но сцената на групен секс е всушност сцената која се најде на нашата листа. Жените се маскирани и скоро голи и сето тоа потсетува на некој ритуал.

Requiem for a dream (Панихида за еден сон)
Овој филм е тежок за гледање со тема која е депресивна: наркоман кој се бори со својата зависност. Меѓутоа, најконтроверзната сцена е кога актерката Џенифер Конели, која ја Марион Силвер, споделува секс играчка со друга жена, додека група на мажи им аплаудираат.

 
 
 
 A Clockwork Orange(Пеколен пор

Пронајдете не на следниве мрежи: