Стивен Спилберг: Не ми дозволија да го режирам „Бонд“

Дури и познатиот американски режисер Стивен Спилбер еднаш добил „не“ и тоа кога посакал да режира некој од филмовите од серијалот за британскиот таен агент Џејмс Бонд.

Како што раскажа неодамна во интервју за „Дејли мејл“, познатиот режисер во една прилика им предложил на продуцентите на „Џејмс Бонд“ да режира еден од филмовите, но тие го одбиле.
„Кога ми кажаа ’не’ веќе никогаш не ги прашав, туку го снимив серијалот за Индијана Џонс“ вели режисерот, на кого серијалот за Индијана Џонс му донесе милиони долари.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: