ГЕМИЏИИТЕ – 28, 29 и 30 април 1903

На денешен ден пред 114 години, една група млади македонски анархисти и патриоти, повеќето родени во Велес, со бомби и динамит го дигнаа градот Солун во воздух.Тој април 1903, македонскиот непокорен дух гневно и силно удри по турската тиранија и по дволичноста на вавилонската блудница Европа.
Три дена Гемиџиите го држеа Солун во искушение, три дена со бомби и динамит биеја битка против многубројниот турски аскер.
На 28, 29 и 30 април 1903, Гемиџиите со динамит ги разнесоа гасоводните и водоводните цевки при што Солун целосно потонал во мрак, ја дигнаа во воздух Отоманската банка, го запалија францускиот брод Гвадалкивир, фрлија бомби врз Топхането (турската државна управа), со динамит ја разнесоа железничката пруга Истанбул – Солун, го запалија Бошњак ан…
Беа на возраст од 18 до 22 години, и на себе си го дадоа името Гемиџии – оние кои храбро пловат со своите гемии кон отворено море, не знаејќи што ги чека, готови да умрат за своите идеали.
Имаа и свое мото – „Се арчиме за Македонија“.
Гемиџиите и гледаа на смртта во очи. Тие сакаа да умрат заедно со своето дело, за да покажат колку е голем духот на Македонецот.
Гемиџиите не умреа, гемиџиите никогаш нема да умрат. И по повеќе од еден век тие се живи. Тие живеат во духот на секој Македонец кој е подготвен да застане на браникот на Македонија.
ВЕЧНА ИМ СЛАВА НА ХЕРОИТЕ!Тој април 1903, македонскиот непокорен дух гневно и силно удри по турската тиранија и по дволичноста на вавилонската блудница Европа.
Три д

Пронајдете не на следниве мрежи: