Дејноста на Тодор Александров во предилинденскиот и постилинденскиот период

За време на  Илинденското востание Тодор Александров бил затворен од турската власт во затворот Куршумли анТодор Александров е еден од оние македонски револуционери кои неправедно беа оцрнети, без да биде објективно обработена неговата реоволуционерна дејност и документирано истражена. Александров беше анатемисан и стигматизиран од строго цензуриранта југословенско- македонска и бугарска комунитичка историграфија и не само Александров туку цела една плејада на македонски револуционери кои се бореа за Независна Македонија.
Историски и методолошки не можеше да се следи континуитетот на македонската историја која беше под влијание и дирекна цензура на комунистичката матрица, па така целата национлана идеа и нејзините протагонсити продолжија да ги делат на централисти и врховисти, на херои и убијци без притоа да се деаде една научно историска слика и да се истражи објективно времето во кое делувале, условите и целокупната дејноста на тие револуционери.
Меѓутоа, во 90- сетите години на минатиот век се напушта стариот  социјалситичко-комуинстички системи и во името на националното помирување требаше да се ослобоидиме од идеолошките вериги и пристрасности во нашата историја.  Дејноста на Тодор Александров за време на илинденскиот и постилинедскиот период  не беше доволно презентирана и за голем дел од македонската јавност е сеуште непозната и табу тема.  Од тие причини во оваа статија малку поопширно е  опишана и образложена неговата богата револуционерна дејност посветена на македонското ослободително дело.
 Првите револуционерни години и ставот на Дамјан Груев за Тодор Александров
Тодор Александров е роден во Штипско Ново село 04 март  1881 од родители: татко Александар Поп Орушев кој потекнувал од стара и позната попска фамилија и мајка Марија Хаџијанева од Штип. Неговото семјство било големо, поточно тие биле седум деца, од кои шест сестри, а само Тодор бил машко. Најраните години од своето детство Тодор Александров ги поминал во своето родно Ново Село. Во 1888 година во Радовиш завршил основно училиште. Во текот на 1893 година Александров завршил трет клас Прогимназија во Штип, а во текот на летото 1894 година во Штип доаѓа Дамјан Груев кој започнал во Штипско да ја шири револуционерната мрежа на Организацијата. Истата година главните корифеи на ТМОРО Дамјан Груев и Гоце Длечев се наоѓале во Штип. Тие биле доста блиски сореволуционери со таткото на Тодор Александров, Александар Поп Орушев кој бил близок соработник на Гоце Делчев и Дамјан Груев. Во домот на Александров  доаѓале Даме Груев, Мише Развигоров, Гоце Делчев, Ефрем Чучков и други видни македонски револуционери. Тоа придонесе младиот Тодор од најраните години од своето детство да биди задоен со револуционерниот патриотски дух. Главниот корифеј на ВМРО Дамјан Груев кој заслужено  го носи ептиетот татко на ВМРО, за Тодор Александров во своите спомени ќе напише: “Во редовите на Организацијата влегуваат нови свежи сили кои ќе ги надминат своите учители, ќе го споменам името на еден од нив тој е Тодор Александров-слбото даскалче. Навидум никој не би се посомневал дека во таа женствена надворешност се крие голем револуционер по душа, одличен организатор, со цврст карактер и челична волја. Скромен разумен и тактичен, познавајќи ја одблизу народната душа тој доминриа над народните маси. Строг, пред се кон себеси, тој е роден за народен водач. На него се полагаат големи надежи од сите наши пријатели, да се надеваме дека ќе закрепне физички.  Тој е смел до безумие. Големата желба кај мене е да си ги видам пријателите. Но запомнете ми ги зборовите, дека ако тоа момче закрепне (Тодор Александров), ќе биде голем човек.”
Тодор Александров бил назначен од Христо Матов за учител, кој во тој период бил дирекотр на неколки училишта. Александров бил назначен за учител во Виница, па во Кочани, каде шо формирал месни комитети и ја зацврстил револуционерната мрежа на Организацијата во Кочанско. Во 1901 година Александров бил учител во Кратово каде вршел набавка на оружје муниција и револуционерна литература за  ТМОРО, а во неколку наврати организирал и напади врз озлогласени турски аги и бегови.
Заедничка револуционерна дејност на Павел Шатев и Тодор Александров
Додека учителствувал во Кратово во градот пристигнал и Павел Шатев, кој бил во доста блиски односи со Тодор Александров. Тие заедно работеле на набавка на оружје и муниција  за планираните Солунски атентати. Еден дел од  динамитот и експлозивот за Слунските атентати бил нарачан од Тодор Александров кој преку тајни канали на Организацијата успешно го спровел преку Ќустендил-Кратово-Велес–Битола–Солун, каде стигнал во сигурни раце на гемиџиите. Тодор Александров со Павел Шатев се запознал преку братот на Павел Шатев, Иван Шатев кој бил исаткнат деец на ВМРО во Кратовско и заедно со Александров ја раководеле Кратовската револуционерна околија на ТМОРО. Исто така, Тодор Александров имал доста добра соработка и заедничко дејствување и со Владимир Каранфилов кој бил главен учител за Кратовско и ги организаирал месните револуционерки комитети на ТМОРО во Кратово.
Павел Шатев во своите спомени го опишува Александров како револуционер кој целосно му е посветен на борбата за автономија на Македонија и дека го користел секој миг од неговото време за да му служи на македонската кауза, потенцирајќи во своите спомени дека Тодор Александров се стремел да се создаде една силна Организаицја. За своите контакти и за неговата заедничка револуцинерна дејност со Тодор Александров, Павел Шатев во своите спомени ќе напише: “Александров ми остави впечаток на еден доста рационален, трезевн  ум, готов во секој момент да се жртвува пред олтарот на ослободителното дело, ние двајцата добро се разбириавме и по цели часови разговаравме, јас независно од тоа што бев одкинат од моите другари во Солун, бев полн со надеж дека повторно ќе влезам во врска со нив и го убедував и Тодор Александров да стане наш другар. Тодор Александров независно што наполно ја возприемаше и помагаше нашата борба сепак со својот трезвен ум размислуваше за многу поголема организација. Неговиот трезвен ум работеше непрекинато и тој не го губеше своето слободно време и работеше постојано сакајќи да му биде корисен на ослободителното движење.  Александров бараше патишта и методи за дејство, за да се органзиариаат народните маси и да се создадат големи организации, што би биле раководени од еден центар, кој во даден момент би располагал со духот и телото на луѓето од градските и селските маси на Организацијата. Така Александров размислуваше за создавање на една моќна и еластична организација додека јас мислев само тоа како да извршам некаков атентат. Но иако патиштата ни беа различни Александров секогаш ни помагаше и ни беше од корист”.

 Иван Шатев Тодор Александров и Владимир Каранфилов
Исто така и Ангел Узунов братот на Христо Узунов кој бил еден од најблиските  сореволуционери на Тодор Александров во своите спомени го увеличува како еден од најдоследните дејци кои својот живот во целост му го посветиле во борбата за Незавсина Македонија.
Тодор Александров сметал дека одлуката за востание е пребрза, но сепак активно работел на подготвките на Илинеденското востание.
Во 1900 година Тодор Александров, Иван Шатев и Владимир Каранфилов се едни од главните организатори на револуционата мрежа на ТМОРО во Кочанската и Кратовска револуционерна околија, вршејќи набавки на оружје и муниција за потребите на Организацијата.
Во текот на 1901-1903 година Александров непрекинато и целосно работел на подготвките на Илинденското востание во Кочанско како организационен раководител за: Кочани, Виница и Кратово. Во пролетта 1903 година на еден состанок  на Кочанската револуционерна околија, Аргир Манасиев ја пренел најновата одлука, дека е дондесена одлука за кревање на востание. Оваа вест Аргаир Манасиев му ја пренел лично на Тодор Александров. Алексанров бил од оние револуционери кои сметале дека  одлуката за востание е пребрза, но и покрај тоа што сметал дека Организацијата не е доволно подготвена, целосно и посвететно се вклучил во подготовките на востанието. Тодор Александров како еден од главните организатори во Кочанско сметал дека само за Кочанско се потребни 4000 пушки и веднаш започнал преку канали на организацијата да врши набавка преку Ќустендил. Паралелно со набавките за оружје за Кочани, Кочанско и Кратовско, Тодор Александров започнал да формира и да ги обучува и локалните и месни чети на ТМОРО во Кочанско.
Во предвечерието на Илинденското востание Тодор Александров бил уапсен од турската власт
На 27 март 1903 година Тодор Александров бил уапсен од турските власти, највероватно предаден како член на Организацијата и бил осуден на 5 години строг затвор. Тој бил испратен во затворот Куршумли ан во Скопје. Тодор Александров тпериодот на Илинденското востание го поминал во затворот  каде бил измачуван од турските власти, а поради тешките затворски услови од влага и нем, оболел од туберколоза. Во текот на 1904 година, по издадената општа амнестија Тодор Александров бил ослободен од затворот Куршумли ан. Веднаш по неговото ослободување тој повтрно се вклучува во македонското револуционерно движење и му служи на Организацијата. Во овој период  Александров бил назначен за учител во Ново село и член на Околиското раководно тело во Штипската револуционерна околија каде неуморно и посветено работи на возобновување на револуционерната мрежа заедно со Мише Развигоров.
Во текот на ноември 1904 година турските власти повторно ја откриле револуционерната дејност на Александров и му забраниле да биде учител, а по судирот на четата на Мише Развигоров со турската војска,Турците се обиделе да го уапсат Тодор Александров, тие му ја опколиле куќата но тој успеал да им избега и се приклучил на четата на Мише Развигоров каде бил назначен за секретар.
Од 16 до 22 јануари 1905 година во с. Кнежево, Кратовско бил одржан Првиот скопски револуционерен конгрес на кој делгат бил и Тодор Александров. На овај конгрес биле донесени основни начела за понатамошната дејност на Организацијата. Зад овие одлуки застанал категорично и Тодор Александров, а тоа биле принципите: за автономија на Македонија, за револуционерна борба и за  финансирање на Органзацијата.На Ќустендилскиот конгрес 1908 година кој се одржал во селото Жабокрт кој бил конгрес на десноконзервативното крило на ВМОРО Тодор Александров бил избран за делегат заедно со Христо Матов,Васил Чакаларов,Петар Чаулев,Ефрем Чучков и други  ја издигнале повторно паролата Автономија на Македонија.
Александров борец против младотурскиот режим
По избивањето на Младотурската револција, Александрвов дал наредба заедно со Ефрем Чучков да не се разоружуваат четите на ВМОРО од Скопскиот округ. Тодор Александров гледал со голема недоверба кон младотурците и потенцирал дека тие се исти па дури и поголеми непријатели на македонското ослободително дело од турците кој го подржувале султанот.  Еден дел од македонските револуционери предводени од  Јане Сандански  разоружеле дел од четите кои биле под нивна команда и преминале во сорбатка со младотирската власт, надевајќи се дека ќе добијат слобода, но и тие покасно увиделе дека направиле голема грешка.
Тодор Александров по проглусувањето на младотурската реовлуција и разоружувањето на дел од македонските чети инсистирал ни еден комита да не го предава оружјето. Тој ги собрал своите војводи и чети кои биле под негова команда во Скопскиот округ и им рекол: Не радувајте се браќа, тое е измама на Турците. За време на акцијата од младотурските власти за разоружување на четите на ВМОРО, Тодор Александров испратил писма со пароли кои биле залепени на зидовите на куќите во Штип на кои пишувало –“Не измачувајте го народот, зашто оружјето не е кај него, оружјето е тука кај Организацијата, елате да си го земете”. По неколку дена турските власти ја запалиле семејната куќа на Тодор Александров во Штипско Ново село, а мајкa му и неговите сестри одвај се спасиле живи.
По легализирањето на четите Тодор Александров бил назначен за окружен ревизор на црквите, манастирите и училиштата во Скопскиот округ на ВМОРО и по препорака на скопскиот митрополит, Александров водел и борба против српската вооружена пропаганда.
Тодор Александров во 1908 година започнал да го обновува Скопскиот револуционерен округ и започнал жестока борба со своите чети против младотурските власти. Тој во текот на 1909 година имал неколку вооружени судири со аскерот и младотурските власти и се спортиставил на разоружувањето, успевајќи да зачува голем дел од оружјето на Организацијата и да го складира за понатамошна борба.
Александров уапсен од бугарските власти
Во месец декември 1909 година Тодор Александрво бил уапсен од бугарскуте власти, највервотано под пртисок на турската дипломатија. Бугарските власти биле доста строги во затворот кон Александров. За неговото апсење од бугарската власт Тодор Александров напишал писмо до Ангел Узунов дека неговото апсење е под притисок на младотурските власти, конкретно Асен Беј. Тодор Александров на бугарскитте власти им рекол: “Досега го користевме гостопримството на Бугарија, за што сме и благодарни. Јас лично никогаш не го злоупотребив тоа гостопримство. Ако отсега бугарската влада по ќефот на Асен беј или накој друг започне да протерува и апси наши револуционери ние ќе бидеме принуадени да бараме гостопримство во друга, вистински независна држава, каде не се извршуваат наредбите од Турското царство”.
Тодор Александров  по 1910 година се српотиставува  на Младотурскиот закон за мобилизација на христијанските младинци во редовите на турскиот аскер и неговите чети на секој терор, ограбување, силување на девојќи и репресија на христијанското население возвраќал со напади врз турската војска и разните разбојнички черкески банди.
Во почетокот на 1911 година Тодор Александров, Петар Чаулев и Александар Протогеров добиваат подршка од повеќето Окрузи за да бидат назначени за членови на ЦК на ВМОРО и од 1911 година тој ќе биде во ЦК на ВМОРО,  се до неговата ликвидација во 1924 година.
Тодор Александров во текот на 1910 -1912 година органзиирал серија бомбашки напади против турските власти, на јавни, државни објекти во Солун, Цариград, Гевгелија, Велес, Штип, Битола, Крушево, Кочани и други градови.  Тој ги организирал и познатите “магаршеки атентати” на турскте пазари. Паралелно со неговата четничка дејност Тодор Александров органзирал и една цела интелектуална елита, врвни интелектуалци како Кирил Прличев, Љубомир Милетиќ, Данаил Крапчев, Христo Силјанов, Наум Томалевски и други. Со овие интелектуалци кои  ги ангажирал во самата ВМОРО, Александров постојано се консултурал и ги вклучувал во разни преговори во борбата  за автономија и независност на Македонија.
Во текот на октомври 1911 година ЦК на ВМОРО предводен од Тодор Александров организирала напади врз  голем број турски објекти, генерали и жандарми. Паралелно со овие атентати Тодор Александров во 1911 година испратил и Мемоар до конзулите на големите сили во Битола, Солун, Скопје и Одрин, во кој се потенцирала неподносливата состојба во Македонија по големиот број на атентати, диверзански бомбашки напади и ликвидации на дел од македонскиот народ под власт на младотурскиот режим. Во овај Мемоар Тодор Александров бара помош и подршка од големите сили за слобода, потенцирајќи дека: “Организацијата со сите средства ќе се бори за остварување на нејзината крајна цел – автономија на Македонија, барајќи автономна управа под покровителство на големите сили.”
Во текот на номеври 1911 година ЦК на ВМОРО предводен од Тодор Александров издал уште една Декларација во која пак е остро критикувана рамнодушноста на Европа која го премолчувала теророт кој бил вршен врз македонското население од младотурците и во оваа декларација Александров јасно потенцирал дека ВМОРО нема да ја остави “Македонија незаштитена од мирното истребување”. Во Декларацијата се наведувало дека ВМОРО со револуционерни сили се бори за слобода на Македонија. Во 1911 година раководството на ВМОРО предводено од Тодор Александров во кое биле и Стефан Николов, Тодор Лазаров, Александар Протогеров и Павел Христов излегло со Протокл во кој се потенцирало дека политичка борба на ВМОРО останува иста, Придобивање на автономија на Македонија и Одринско во нивната целост. Во Протоколот Александров и неговите сореволуционери навеле дека ‘’воената цел на ВМОРО е создавање од самата Органзиација на една тајна, не многу голема, но здрава револуционерна армија, таа да си остане самостојна и финансиски независна од ниедна странска сила или држава.’’
Тодор Александров, Христо Матов, Георги Мончев, Владимир Спанков, Никола Иванов
Непосредно пред почетокот на Блаканските војни Тодор Александров како предводник на ВМОРО постојано крстосувал низ сите револуционерни Окрузи среќавајќи се со месните војводи. Во овај период Тодор Александров секаде патувал со еден од своите најблиски сореволуционери, поетот Пеју Јаворов кој бил и негов личен биограф.
Тодор Александров се повеќе ја зајакнувал ВМОРО, така во текот на 1912 година тој започнал преговори за обединување на разединетите сили на Организацијата, односно била формирана комисија во која биле Георги Поп Христов, Патар Дравиногв и Димитар Влахов. Тодор Александров во името на ЦК на ВМОРО во предвечерието на балканските војни испратил Менорандум до светската и европска јавност во кој се истакнувало дека –“Организацијата се бори за автономна македонска држава во нејзините етнички граници со главен град Солун”.
Со самиот почеток на Првата Балканска војна четите на Тодор Александров навлегле во Егејска Македонија и го ослобдиле градот Кукуш нанесувајќи му тежок пораз на турските војски, притоа четата на Александров заробила голем број на Турци и турски војници. По ослободувањето на Кукуш, Александров со својата чета се бори во Солунско каде учествува во протерувањето на турската војска од Солун. Со присуството на четите на Александров во Солунско се  предизвикало паника и негодување не само кај Турците туку и кај Грците и грчките војски. Во овај период Тодор Александров добил понуда од бугарската власт да биде поставен за управник на Кукуш, но оваа понуда Александров категорчки ја одбил потенцирајќи дека тој му е потребен на Организацијата и дека неговата борба ќе треа се до кончено ослободување на целокупна Македонија.
На 26 септември 1912 година било формирано Македонското  Одринско Ополчение кое броело околу 14 000 борци. Ополчението било составено од македонски војводи и поранешни четници на ВМОРО. Во Првата балканска војна Македонското ординско ополчение му помагало и се борело заедно со блаканските сојузници Србија, Бугарија и Грција против турските војски, додека во виорот на Втората балканска војна Македонското одринско ополчение како и скоро сите македонски дејци револуционери се бореле во состаав на МОО заедно со бугарската армија против србските и грчки војски. Со завршувањето на Првата балканска војна започнале преговори за распрачување на Македонија помеѓу Србија, Грција и Бугарија, во самите нивни сфери на интереси и желбите за остврување на хегемонистичките аспирации на српската, бугарската и грчката пропагнда.  Србија и Грција склучиле догвор за заедничка поделба на Македонија. Таа одлука била потврдена со Лондонскиот догвор потпишан на 30 мај 1913 година со кој Македонијна била поделена помеѓу Србија и Грција, а на териториите кои биле под србска и грчка власт биле воспоставени воено инспекциски области и србските и грчки војски започнале да ликвидираат апсат и убиват македонски револуционери и членови на ВМОРО.
Во виорот на Втората балканска војна целото раководсво на ВМОРО и Тодор Александров активно се вклучиле во борбените дејсвија во редовите на Македонското Одринско Ополчение кое било под команда на Главаниот штаб на бугарската армија, во борбите против српските и грчки војски. Во текот на Втората балкнаска војна интелектуалното крило на ВМОРО по барање на Тодор Александров испратило апел до големите сили. Така професорите Иван Герогов, Љубомир Милетиќ, Никола Милев и Тодор Павлов до дипломатските представници на големите сили во името на ЦК ВМОРО предводено од Тодор Александров испратиле барање во кое се барало-“гарантирање автономија на Македонија од страна на Голите сили, во полза на сите народности кои ја населуваат”.
По завршувањето на Втората балканса војна  на 10 август 1913 година бил потпишан Букурешкиот  мировен догвовор со кој било потврдено судбонсното распрачување на Македонија и македонскиот народ бил разединет и со тоа му била нанесена  политичка, етничка, економска и културолошка штета и последици. ЦК на ВМОРО предводено од Тодор Александров не ги прифати  одлуките донесени со Букурешкиот мировен договор, поради што Александров ги испратил интелектуалците Иван Балабанов, Љубомир Милетиќ, Кирил Приличев и Иван Герогов кои ги посетиле владите на големите европски држави и од името на ВМОРО им предале Меморандум  потпишан лично од Тодор Александров во кој се барало да се поништи поделбата на Македонија и таа да стане автономна политичка единица. Во Меморандумот потишан лично од Тодор Александров пишувало дека “доколку не биде ревидиран Букуршекиот договор од Големите сили и Македонија не се осамостои во самостојна политичка единица под меѓународни гаранции, мир на Балканот не може да има”.  Симеон Радев кој бил учесник во составот на  бугарската дипломатија при потпишувањето на Букурешкиот договор, потврдува во своите спомени дека, непосредно пред заминувањето за Букуршет Тодор Александров и Протогеров го убедувале Симеон Радев да не го потпишува Букуршекиот мировен дговор. Откако барањата на Организацијата за ревидирање на Букурешкиот договор биле одбиени од Големите сили, Тодор Александров во името на ЦК на ВМОРО, издал Декларација упатена до Големите сили,балканските влади во кое пишувало-“ВМОРО со голема огорченост го пречека жестокотo дело на балканските влади и мированта конференција за поделба на Македонија, револуционерната организаицја која во момент на надеж го положи своето оружје, повторно го зеде во раце и застана на нашата неизменета ситуација, мечта и борба за автономија на Македонија”.
Тодор Александров поборник против Букурешкиот договор и поделбата на Македонија
Веднаш по потпишувањето на Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во септември 1913 година ЦК на ВМОРО предводен од Тодор Александров како и македонските револуционери Милан Матов, Петар Чаулев, Павел Христов и Антон Шибаков како главни носители го подготвиле и кренале Охридското востание во сорабтка со албанските револуциоенри. Охридското востание предводено од ВМОРО било отпор и борба против поделбата на Макeдонија со одлуките донесени на Букурешкиот мирвоен договор. Паралелно со вооружените акции бунтви и востанија кои ги организарал ЦК на ВМОРО предводен од Александров против поделбата на Македонија, тој органзиарал и низа дипломатски активности. Така во крајот на спетември 1913 година Тодор Александров и Григор Василев пред европските дипломати изнеле нови три  барања на ВМОРО за решавање на македонското прашање и тоа:
– Создавање на независна самостојна македонска држава под покровителство на Големите сили,
– втора варијанта, конфедерација на Македонија, Бугарија, Албанија и другите блакански држави и
– трета опција преминување на православните верници под патронат на Католичката црква (унијатство), се со една цел протерување на српските и грчки окупатори од Македонија.
                                                                    ПРОДОЛЖУВА :
Користена литература-“Македониум” Никола Танковски,1999,година,Тодор Александров-Зоран Тодорвски,Тодор Александров-Живот легенда,Цочо Билјраски Софија,1991.Цочо Билјарски Крсто Георгиев-Непубликувани документи за Тодор Александров,За положбата на македонската емиграција во Бугарија-1962-Крсте Битовски,Битола и Битолско во балканските и во Првата светска војна(1912-1918),Ѓорги Танковски-Никола Миновски,Војната се враќа-Анри Пози,Предавствата и атентатите во македонската историја-д-р Виолета Ачковска, д-р Никола Жежов,Комитаџии-Албер Лондар,Херои и убијци-Стојан Христов,Се за Македонија -Документи -1919 -1924,Тодор Александров-Од автономија до самостојна држава-Димитар Галев,Спомени-Дамјан Груев,Спомени-Ангел Узунов,Спомени- Кирил Прличев,Спомени-Крум Петишев,Спомени-Во Македонија под робство-Павел Шатев,Спомени-Георги Поп Христов,Спомени-Петар Шанданов,Дечо Добринов,Тодор Александров легендарниот водач на ВМРО,Софија-1994,Осводбодителните борби во Македонија,Христо Силјанов,том два след Илиндеско востание,1943,Христо Матов-д-р Владо Попвски,Последниот цар на планините Дечо Добринов 1987 Софија.
 Пишува-Ѓорги Чекутков-историчарТодор Александров е еден од оние македонски револуционери кои неправедно беа оцрнети, без да биде објективно обработена неговата реоволуционерна де

Пронајдете не на следниве мрежи: