Францускиот институт во Скопје организира семинар на тема „Новите градови на Балканот: реконструкција за каква иднина?“

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести дека организира семинар на тема: „Новите градови на Балканот: реконструкција за каква иднина?“, што ќе се одржи во вторник, 17 мај 2016 год., со почеток во 10 часот, во Сити Хол Центарот (Кеј Димитар Влахов, бб).Настанот официјално ќе го отворат Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција, и г-дин Башким Амети, Министер за животна средина и просторно планирање.
На настанот се предвидени две тркалезни маси:
– „Престолнините за 30 години: предизвици на иднината“, со учествотот на г-дин Жак Леви, специјалист од областа на политичка географија, професор на Политехничката школа во Лозана и автор на повеќе дела,
– „Интелигентни градови, нови технологии“, со учеството на г-дин Лоран-Пјер Жилијар, заменик директор на Агенцијата Акитен Нимерик, чие излагање ќе биде преку видео-конференција.
Учество ќе земат и повеќе реномирани домашни експерти и професори од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Воедно, сите граѓани коишто сакаат да ги изложат нивните идеи и предлози на наведените теми, можат тоа да го сторат на Твитер со хаштаг во коментарот #NVdB и истите ќе бидат директно прикажани на голем екран во текот на самиот семинар.
Во приложените документи ќе пронајдете плакат за претстојниот настан, а целосната програма е достапна на следниот линк: https://www.ifs.mk/mk/Home/CultureContent/1593Настанот официјално ќе го отворат Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција, и г-дин Башким Амети, Министер за животна средина и просторно план

Пронајдете не на следниве мрежи: