Можеме ли заедно да ја исчистиме Македонија за 1 ден?

Наша заедничка одговорност и обврска е да ја чуваме природата и нашата земја и затоа прашуваме: Можеме ли заедно да ја исчистиме Македонија за 1 ден?Планетата Земја е наш дом, но и дом на сите живи организми повеќе милениуми. Низ целиот тој период на еволуција, човекот континуирано се смета за нејзин неприкосновен сопственик, заборавајќи на нејзината чудесна моќ. Почитта кон мајката природа и природните законитости е одамна изгубена. Агресивното и невнимателно темпо, со кое се повеќе се користат ресурсите кои ни ги нуди природата, не остава несвесни и незаинтересирани за мрачните последици. Изминатите векови нашето окружување е се позагадено, а дивиот свет е во изумирање.
Па така, сѐ почесто се покренува прашањето има ли интелигентен живот на Земјата?
Бесконечниот отпад, неконтролираната сеча на шумите, прекумерното искористување на природните ресурси, загадувањето на океаните и воздухот веќе ги даваат своите резултати. Последиците од прекумерната емисија на штетни гасови во атмосферата и создавањето на озонските дупки се веќе видливи, поларните полови се топат, климата неконтролирано се менува, а обичниот човек останува беспомошен пред моќта на природата.
Моќта кој тој ја имаше занемарено. И сето тоа предизвикано од нашите сопствени постапки. Планетата Земја веќе од поодамна го испушта својот крик за помош, покажувајќи предупредувачки знаци за човештвото да запре на патот кон сопствениот колапс. Моќта да се продолжи во истата насока или драстично да се променат работите на подобро лежи само во нас.
Одлуката да ја сфатиме нашата одговорност и обврска во зачувување на природата и сите нејзини убавини, а со тоа овозможувајќи убаво место за живеење на нашите потомци е само наша. Не мора да одиме подалеку од нашето најблиско окружување. Знаците за нашето несовесно однесување се присутни насекаде околу нас, почнувајќи од загаденоста на воздухот кој го дишеме, намалувањето на зелените површини, расрфланиот отпад по планините и падините, се почестите поплави и уништувањето на природните убавини по кои сме познати во светот.
Повеќе го немаме тој луксуз да чекаме некој друг да превземе нешто и да ни помогне. Секој од нас мора да ја прифати сопствената одговорност и удел во она што се случува и да биде спремен да даде свој допринос за чиста Македонија.
Наша заедничка одговорност и обврска е да ја чуваме природата и нашата земја и затоа прашуваме: Можеме ли заедно да ја исчистиме Македонија за 1 ден?Планетата Земја е наш дом, но и дом на сите живи организми повеќе милениуми. Низ целиот тој период на еволуција, човекот континуирано се смета за н

Пронајдете не на следниве мрежи: