Стартап нетворкинг настан – Silicon Drinkabout Skopje по шести пат оваа недела

Silicon Drinkabout Skopje e глобален „afterwork“ настан за стартапи и стартап ентузијасти. Настанот има за цел да ја вмрежи и поддржи стартап заедницата во конкретната држава, на забавен и релаксиран начин, без премногу формалности.Првичната идеја и иницијатива доаѓа од лондонската организацијата 3beards, која освен Silicon Drinkabout ги организира и настаните „Don`t pitch me bro”, „Chew the Fat” и „Digital sizzle”.
Silicon Drinkabout во моментот се одржува во 16 градови во 15 држави ширум светот.
За време на настанот присутните гости имаат можност да се запознаат со претставници на стартапи, ИТ компании, со други стартап ентузијасти, како и со инвеститори или специјални гости.
На Балканот Silicon Drinkabout се одржува само во три града, меѓу кои веќе е и Скопје. Идејата на македонските организатори е преку Silicon Drinkabout Skopje да ја поддржат македонската стартап заедница, како и да им помогнат на компаниите побрзо и полесно да се запознаат со млади ИТ специјалисти, стартап ентузијасти и специјалисти по дигитални технологии.
До сега се одржани пет настани, започнувајќи од 23ти Јануари во Кино Карпош, продолжувајќи во Стар Град Пивница на 30 Јануари, потоа Кара Кафе на 6 Февруари , во Винотеката Темов во Старата Скопска Чаршија на 13 фебруари и во Скопје Кафе на 20 фебруари, каде во листата на гостите се појавија и инвеститори од Словенија и Бугарија.
Влегувањето на SIlicon Drinkabout на македонската стартап сцена ги размрда сите луѓе вклучени во неа, како и надвор од неа. Во овој проект гледаме голем потенцијал за уште повеќе развивање на стартап заедницата, преку networking или т.н. вмрежување, што е и суштината на овој настан. Интересот кај луѓето е огромен, со тоа што секој петок бројката на присутните се зголемува. Во иднина инцијативата Silicon Drinkabout Skopje планира да биде проширена и во другите градови во Македонија со цел да се зајакне стартап заедницата и во останатите делови на Македонија.
Silicon Drinkabout Skopje се одржува секој петок со различно време и локација, а овој петок ќе се одржи Нано Бар (Дебар маало), со почеток во 21.00 часот. А овој пат, гостите можат да очекуваат пријатно изненадување од локалот.
За повеќе информации, можете да ја посетите и официјалната страница на Фејсбук, на следниот ЛИНКПрвичната идеја и иницијатива доаѓа од лондонската организацијата 3beards, која освен Silicon Dr

Пронајдете не на следниве мрежи: