Македонски стрип: Овогодинешно годишно признание „Љупчо Филипов“ за ОСТЕН

ОСТЕН -Скопје како долгогодишен организатор на реномираната Светска галерија на карикатури и поранешен издавач на весникот со исто име, годинава е добитник на Признанието за развој и афирмација на стрипот во Македонија, именувано според прерано починатиот доајен Љупчо Филипов.Во образложението за доделување на оваа престижна награда се вели дека на страниците на весникот, којшто за жал веќе не излегува, секојпат стрипот си го наоѓал своето место. Долга е листата на македонски стрип доајени коишто во весникот „ОСТЕН“ го афирмирале својот талент и израз како: Илија Поповски, Дарко Марковиќ, Дукан Јелен, Љупчо Филипов, Спиро Џајков, Боро Пејчинов, Делчо Михајлов, Ѓуро Варга, Лазо Плавески, Киро Донев, Ацо Палитов, Бобан Пешов…
Стрипот, како начин на изразување, го наоѓа своето заслужено место и на Традиционалната Светска галерија на карикатури, преку посебна категорија и награден конкурс објавен по тој повод.
Инаку доделувањето на ова признание е составен дел од активностите во склоп на традиционалниот мегународен стрип салон којшто се одржува во средината на октомври во Велес. Стрип центар на Македонија-Велес, како организатор на целокупната манифестација, ова признание го наменува за заслужни домашни дејци за развојот и афирмацијата на 9-та уметност кај нас.
Досегашни добитници на ова признание се: Миле Топуз – автор, Диме Иванов Димано – автор, Александар Сотировски- автор, Ване Трајков – промотер, поранешната групација „Тајфа Арт“- млади автори и подоцнежни оснивачи на нови стрип асоцијации, Томислав Османли – сценарист и хроничар, Дарко Марковиќ –автор, Киро Донев-долгогодишен уредник на списанието „НАШ СВЕТ“, редакцијата „Детска радост“ за своите сегашни и поранешни стрип изданија, Оливер Ромевски –стрип сценарист и промотер како и Стрип книжарницата „БУНКЕР“.Во образложението за доделување на оваа престижна награда се вели дека на страниците на весникот, којшто за жал веќе не излегува, секојпат стрипот

Пронајдете не на следниве мрежи: