Францускиот „Father“ победник на „Анимакс Скопје Фест“

Францускиот анимиран филм „Father“ (Татко) на Сантјаго Бу Грасо ја освои првата награда, Златна Тула, на четвртото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, што се одржуваше од 4ти до 6ти декември во Кинотека на Македонија.На затворањето на фестивалот, во сабота (06.12) беа доделени и останатите награди. Сребрената Тула му припадна на „Man on the chair“ (Човек на столчето) во француско-јужнокорејска продукција, а Бронзената Тула на „Castillo Y El Armado“(Кастиљо и наоружаниот) од Бразил.
Наградите ги додели жири-комисијата во состав на М-р Мими Ѓоргоска-Илиевска од Кинотека на Македонија, Андреј Рубетској од Русија – режисер, аниматор, сликар и сценарист, Дорис Бауер од Австрија – ко-директор на филмскиот фестивал за краток филм Еспресофилм и главен куратор на меѓународната програма за фикција и документаристика при VIS Vienna Independent Shorts и Диме Ратајкоски – главен и одговорен уредник на МРТ и автор на повеќе од 50 документарни емисии,филмови и репортажи.
Наградите Златна и Сребрена Тула ги подигна Бранко Чобанов од Францускиот институт во Македонија. За најдобар филм за деца, пак, беше прогласен „Space Dog Family“ (Семејството вселенски кучиња), а наградата ја прими гостинот од Русија, Андреј Рубетској, кој е дел од тој проект.
За него гласаа дечињата во трите фестивалски денови. На третиот фестивалски ден се одржаа две работилници. Едната беше наменета за дечињата, а ја водеше Андреј Рубетској. На втората работилница за 2д анимација, Европската филмска академија Париз-Скопје-Њујорк Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности – ЕСРА додели три стипендии од по 3.000 евра на најдобрите учесници: Мила Симовска, Дона Дамевска и Исак Вишњовиќ. Оваа година мото на фестивалот е „Ако сите светат, ти блескај“.
На 4. „Анимакс Скопје Фест“ беа прикажани 52 филмови, од кои 44 за возрасни и осум за деца. Се пријавија рекордни 326 анимации од 52 земји во светот, а селектор на програмата беше Благоја Куновски Доре. Организаторите се презадоволни од овогодишното издание на фестивалот и полната сала во трите денови во рамки на кои беа прикажани по 100 минути анимација.
„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија.
Повеќе информации за фестивалот се објавени на веб страната:
www.animaxskopjefest.mk и на Facebook https://www.facebook.com/animaxskopjefest1.На затворањето на фестивалот, во сабота (06.12) беа доделени и останатите награди. Сребрената Тула му припадна на „Man on the chair“ (Ч

Пронајдете не на следниве мрежи: