За страшната несреќа која се случи во петокот во близина на Париз каде што воз излета од шините и загинаа 6 лица, а околу 30 се повредени, дојдено е до неколку сознанија во текот на истрагата.
Француската железница (SCNF) во официјалното соопштение за јавноста изјави дека главната причина за фаталната несреќа што се случи во петокот, 12 јули, кога дошло до превртување на возот е парче тешко 10 килограми кое било одвоена од шините!
Извештајот се базира на прелиминарната истрага, а се претпоставува дека парче железо е главен виновник за несреќата, иако тоа се уште не е потврдено.
Според досегашната истрага, човечкиот фактор и дефект на возот биле исклучени како потенцијални причини за несреќата.
Се уште не е јасно дали парчето железо било намерно одвоено за да дојде до несреќата.
Во саботата, францускиот министер за транспорт Frederic Cuvillier рече дека причина за несреќата е човечка грешка. “За среќа машиновозачот многу добро и брзо изреагирал и веднаш ги повлекол кочниците, со што бил избегнат судир со возот кој доаѓал од спротивна насока”, изјави Cuvillier.За страшната несреќа која се случи во петокот во близина на Париз каде што воз излета од шините и загинаа 6 лица