четврток, 12 ноември 2026
Најново

„GreenОut“ со концертна промоција на последниот албум „Рапаноја“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Култниот модерен македонски хип хоп состав, со големо задоволство ја најавува концертната промоција на неодамна издадениот албум „Рапаноја”, која е закажана за Четврток (27.11), во МКЦ.
 За оние кои сакаат вистински хип хоп, Tonyo SAN, LD Pistolero и Foolish Green најавуваат целовечерна хип хоп револуција како презентација на албумот, кој го издаде Suriken Records.
GreenOut e хип хоп трио, составено од три уметници со микрофонот, кои зад себе веќе имаат едно албумско издание („Некои скопски бандити”, 2009). Антонио Арангеловиќ (Tonyo SAN), Владимир Пешков (LD Pistolero) и Ненад Стефаноски (Foolish Green) се дел од новиот бран хип хоп артисти, кои во досегашните кариери имаат сериозен број солистички проекти како и членувања и соработки со бројни музички имиња како Легијата, Против Сите, STR2,
Алтернативниот состав на Foolish Green итн. Препознатливи по своите автентични freestyle настапи, овие момци имаат реализирано повеќе од 100 настапи и концерти во Скопје и низ Македонија, па ова ќе биде уште еден во низата одлични настапи, посветен на издавањето на вториот албум на составот.
Концертната промоција на „Рапаноја” е закажана за 27.11, во денсинг салата на МКЦ со почеток во 21:30. Цената на билетите во претпродажба е 150 ден., на влез 250 ден. За првите 200 посетители се обезбедени 200 гратис албуми.
Билетите можат да се набават во билетарницата на МКЦ. За крај, GreenOut го најавуваат и специјалниот гостин на настанот – DJ Гоце САФ.За оние кои сакаат вистински хип хоп, Tonyo SAN, LD Pistolero и Foolish Green најавуваат целовечерна хип хоп револуција како презентација на&n

Поврзани вести