Скопската депонија „Дрисла“ ќе стане најмодерна на Балканот и најголема во Европа

Од обична депонија која и како сите други во земјава кои генерално се еден од загадувачите на животната средина, скопската депонија Дрисла ќе постане најмодерна на Балканот и една од најголемите во Европа. Преку јавно – приватно партнерство со конзоцриумот ФЦЛ се предвидува Дрисла да се трансформира во претпријатие кое станува дел од еколошката индустрија.
Но и покрај напорите на градските власти оваа депонија да ја направат еколошки прилагодена според европските стандарди, опозицијата уште еднаш смислува лаги и сценарија и лиферува информации дека договорот со конзорциумот ФЦЛ е невалиден бидејќи управниот суд донел одлука да се поништи договорот. Од Град Скопје повторно ги отфрлаат сите невистини велејќи дека таква судска одлука нема и дека договорот со ФЦЛ е легитимен.
ФЦЛ е италијанска компанија која на тендерот за приватно јавно партнерство заедно настапи со уште една италијанска компанија Униеко.
На тендерот се јави и уште еден конзорциум состевн од компаниите Шолц, Хил и Сплендор.
 Зошто градот Скопје го избра конзорциумот ФЦЛ?
Два бенефити ќе добие градот Скопје со избор на оваа компанија:
– финансиски бенефит
– технолошки бенефит

 
Во делот на финансискиот бенефит ФЦЛ на Градот Скопје годишно ќе му обезбеди околу 1,2 милиони евра, додека конзорциумот Шолц на Градот треба да обезбеди годишно само 170 илјади евра заштеда.
Во делот на технолошкиот аспект, ФЦЛ преку најсовремената технологија РДФ( технолошки процес преку кој се создава алтернативно гориво приближно на својствата на лигнитот) финалниот производ ќе го создава за околу 25 минути. Додека компанијата Шолц со својата технологија финалниот производ треба да го произведе за 25 дена што е голема разлика велат од Дрисла.
Втора работа зошто ФЦЛ го доби тендерот е тоа што Шолц е компанија која работи само со отпад од старо железо.
Моментално ФЦЛ на Дрисила заедно со претпријатието инсталираат неколку нови постројки за селектирање на отпадот
– Постројка за полуавтоматско селектирање на отпадот
– Постројка за создавање на РДФ – алтернативно гориво кое подоцна се користи во разни технолошки процеси- тука ќе се инветсира 22 милиони евра
– Постројка за согорување на метан од органскиот отпад. Моментално на Дрисла се наоѓа 2,6 милиони тони од кој 1,3 милиони тони е од органски отпад. Оваа построја се планира да се изгради во 2014.
– Постројка за третирање на индустриски отпад – со инвестиција од околу 10 милиони евра ќе се купат машини на почетокот на следната година за третирање на овој вид отпад.
– Постројка за третирање на градежниот шут инвестиција која ќе се реализира  во 2015 година.
Она што е важно е дека сите инвестиции конзорциумот ФЦЛ заедно со градот да ги реализираат во следните 4 години. Концесијата ФЦЛ над Дрисла е за 35 години но после овој период сите постројки и машини остануваат во сопственост на Градот односно јавното претпријатие.Преку јавно – приватно партнерство со конзоцриумот ФЦЛ се предвидува Дрисла да се трансформира во претпријатие кое станува дел од еколошката

Пронајдете не на следниве мрежи: