Србите веќе со понуди за дочек на Новата година во Охрид

Како што сите веќе добро знаеме Охрид е магнет за странски туристи. Најчесто преку летото, Охрид изобилува со гости од Црна Гора, Бугарија, Грција, Турција како и Холандија. Сепак, како и секоја година, во убавините на Охрид и езерото, најмногу уживаат соседите од Србија. 

Тие се најчестите странски посетители во нашиот бисер, и не го посетуваат Охрид само за време на летната сезона. Србите важат за редовни посетители и за време на Новогодишните празници. Па како и секоја година, во Србија веќе на големо се рекламираат понудите за Охрид и за дочекот на Новата година. Една од понудите изнесува 160 евра за три ноќевања и автобуски превоз.

Во понудите Охрид се опишува како “балкански бисер” или “место кое не смее да се пропушти поради својата убавина”. Најмногу се рекламираат нашите традиционални јадења и убавините и можностите што ги нудат хотелите кои се дел од овие понуди. 

 

Поврзани статии:

За три часа извадени стотина килограми ѓубре од Охридското езеро

 

 

 

ФОТО: Охрид во минатото

 

 

 

Фото: Охрид под вода

Пронајдете не на следниве мрежи: