ХУМОР: Писмо од Аустралиа

Најмил мој фнучко, еве најдов тро слободно време и го зедов пенсило врака си реков чекај да ви пишам едно писмо баго…

Вујна ти Коца стално ми вели, море Ило пиши му на сестра ти Паца и на фнукти Цане во стариокрај. Прашај дали се таму орајт!

Cтопати се стокмифне да таквојне за старикрај, ама пуста печалба тешка е баму спечало.

Иначе ние не сме појќе во Ситнеј. Го продадовне хаусо и купифне со тиепари два хауси помали во МЕЛБУР. Во еднио си живејне, другио го рентане…

Овде ногу лошо дојде… Нема ворк : да не се лажиш да идваш! 
Незнајш ти шое печалба. Ах, да можам одма ќе го ватев Квантасо и ќе си дојдеф! Ама брачедти Мајкл си купи нов кар и сега за него работам прекувремено дури го исплатам. Туку идаа баму стопанката нивна бамуја, Аустралците ич не работат како нас.

Таму слушам на телевизарон многу убав споменик на Александар де Грејт Македонцки му напрајле…

Фнучко немам многу време а ти многу да ми ја поздравиш сестрами Златана (еве се расплакаф). Ахххх… Примете еден вагон топли желби од далечната Аустралиа и голем поздраф до сите.

ПС: Ќе ти пуштев 5 $ да се почестиш ами веќе го затворив пликов…

Преземено од relaxirano.mk

Погледнете ги следниве статии

 Најискреното CV напишано до сега

 

 

 

 

 

 

 

 

 ХУМОР: Посмртен говор за Рамче

 

 

 

 

 

 

  Задолжително: Тролање на годината

 

Пронајдете не на следниве мрежи: