Почина актерот што го играше инспекторот Драјфус во „Пинк Пантер“

 

 Актерот Херберт Лом, кој се прослави по улогата на ликот на полицискиот инспектор Чарлс Драјфус во  од филмскиот серијал за Пинк Пантер, почина во четвртокот во 95-та година од животот.

Херберт Лом, Чех по раѓање, живото го мина во Велика Британија, каде покрај Питер Селерс глумеше во неколку филмови во серијалот за Пинк Пантер, како иритирачкиот шеф на инспекторот Клузо.

Лом настапуваше во повеќе до сто филмови во текот на неговата 60-годишна актерска кариера, меѓу другото и во класиците како „Спартак“ или „Ел Сид“. Во два наврата го овековечи и Наполеон Бонапарта, а еднаш тоа се случи кога го толкуваше ликот на славниот француски освојувач во екранизација на романот „Војна и мир“ на рускито класик Лав Николаевич Толстој.

Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: