На 22 декември (четврток) во 19 часот во реновираниот простор на сутеренот на Домот на градежниците ќе се оддржи промоцијата на четвртата поетска збирка на Стефан Марковски – Сиво сјаат вселените.Стихозбирката со која овој автор ја доби наградата „Бели мугри“ за 2016- та, признание кое го доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје за најдобра необјавена поетска книга од автор до 35-годишна возраст има 85 страници, а дизајнот на корицата е на Ерина Поплавска.
Поетската книга е осма по ред во едицијата „Бели мугри“ во издание на Домот на култура, а нејзиното објавување е финансиски помогнато од Град Скопје.
„Сиво сјаат вселените“ содржи 23 песни поделени во 7 циклуси. Таа е втората поетска книга на Марковски објавена годинава, по In Nomine („Македонска Реч“, 2016).
Стефан Марковски (1990) е македонски писател, поет и сценарист од најмладата генерација. Автор е книги од различни области и жанрови, приредувач е на една антологија и уредник во рамки на проектот „Метрички карван“.
Добитник е на книжевни награди и признанија за поезија, роман и кратка проза. Член е на ДПМ.
Магистрира на Катедрата за Сценарио на Факултетот за драмски уметности под менторство на проф. д-р Сашко Насев.
Промоцијата на збирката на Марковски се оддржува во рамки на традиционалната поетска манифестација „Денови“ посветена на Кочо Рацин, во чиј склоп годинава ќе влезе и музичко-поетскиот театар „Ѕвездената љубов на Невен“.Стихозбирката со која овој автор ја доби наградата „Бели мугри“ за 2016- та, признание кое го доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Ра