Вечерва во клуб-ресторанот МКЦ со почеток во 19 часот во друштво на пријателите, колегите и новинарите ќе биде промовирана најновата, четврта книга, на авторот Драган Таневски.По успехот со неговото прво дело „Урбани херои“, Таневски вели дека инспирацијата за пишување не запира.
– „Промоцијата е на 8-ми декември во 19ч во кафе барот МКЦ. Таму ќе дознаете повеќе. Но, во кратки црти – книгата се вика „Колекционер“. Работен наслов на промоцијата е – фемили рејунион. Бидејќи јас немам читатели… Тоа е премал збор. Јас имам семејство. Не може некој што ја видел разголена мојата душа да ми биде само непознат читател. Тоа не е доволно. Сакам да ми стане брат. Сестра. Семејство.“ – вели Таневски.
Драган Таневски е човек кој со години се криеше зад маската на сопственик на еден од најпознатите авто- сервиси во државава, повремено појавувајќи се како потписник на текстови на песни од сите жанрови. За себе вели дека е роден како Хомо Сапиенс, за среќа од човечки родители.
Завршил неколку школи: нижо алтруистичко, средно бонвиванско. Дипломирал на факултетот по авантуризам, а магистрирал имагинација и фантазија. Доктор е по филантропија. До сега неколку пати паднал на испитите по шовинизам и мизантропија и тие на крај дигнале раце од него.
Дури бил прогласен за изгубен случај. Драган Таневски има постигнато значаен успех и по курсевите одење по облаци и нуркање во соништата.По успехот со неговото прво дело „Урбани херои“, Таневски вели дека инспирацијата за пишување не запира.
– „Промоцијата е