Со голема чест и задоволство Ве покануваме на промоцијата на македонското издание на еден од најзначајните светски прирачници за инвестирање – „Мала книга за разумно инвестирање“ од Џон К. Богл, еден од четворицата „инвестициски џинови“ на дваесеттиот век, основач и поранешен генерален директор на Вангард груп – управувач на некои од најкрупните инвестициски фондови во светот.Мала книга за разумно инвестирање“ е есенцијален водич наменет за сите – индивидуалци и професионалци – кои се занимаваат со инвестирање или пак штедење преку вложување во акции или фондови.
Целта на книгата е да нè убеди дека е разумно да се изгради портфолио што ќе обезбеди соодветен дел од приходот остварен на светските берзи на хартии од вредност.
Богл во оваа мала книга го пренесува сето свое знаење и искуство во областа, со надеж дека ќе им помогне на новите генерации инвеститори да разберат што е потребно за да се постигне успех во инвестирањето.
Промоцијата на книгата организирана од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Издавачкиот центар ТРИ ќе се одржи на ден 04.12.2015 година (петок), во 11 часот, во просториите на Стопанска комора на Република Македонија, на 5-ти кат.Мала книга за разумно инвестирање“ е есенцијален водич наменет за сите – индивидуалци и професионалци – кои се занимаваат со инве