Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје излезе од печат книгата „Идеологијата на ренесансната и маниристичка уметност во Италија“ од проф. д-р Татјана Филиповска.Низ научни согледби авторката пишува за идеологијата и општествената ангажираност во европската ликовна уметност на модерното доба. Посебен акцент става на врвните дела,преку кои јасно се отсликуваат општествениот, политичкиот и историскиот контекст во кои тие се создадени.
Татјана Филоповска е редовен професор на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Нејзините досегашни научни истражувања се посветени на италијанската уметност, односно на венецијанското сликарство.
Во корпусот на бројни трудови, објавени во домашни и странски изданија, посебно се издвојуваат книгите: Тицијан, Комедијата во венецијалнското сликарство и Празничната сцена на венецијанското сликарство во 18.век.Низ научни согледби авторката пишува за идеологијата и општествената ангажираност во европската ликовна уметност на модерното доба. Посебен акцент