Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во Скопје, на 11 март (среда) во 18 часот, истакнатиот македонски писател Стојан Тарапуза ќе има средба со љубителите на неговата поезија. Во оваа пригода ќе биде промовирана книгата „Збор за зборот“, што деновиве ја објави издавачката куќа „Панили“ од Скопје.Стојан Тарапуза ( Злетово, 1933) е водечко име во современата македонска поезија за деца. Автор е на богат книжевен опус, високо вреднуван од критиката и наградуван со престижни книжевни награди. Неговите песни претставуваат исечоци од секојдневието. Тие се игриви сложувалки за љубовта и за човечката надеж и верба во убавината.
Лирскиот исказ е концизен, длабоко мисловен, певлив, со јасни мудри пораки што долго се паметат. Поетот е исклучително економичен во употребата на зборовите. Оттука и впечатокот дека овој поет е сегогаш во преграб на допадливи метафори, при што создава игрив спој со природата и со секојдневните збиднувања во животот, пишува Раде Силјан во препораката за најновото издание на познатиот автор.
Стојан Тарапуза е годинашен добитник на престижната награда „Ванчо Николески“ што традиционално ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.Стојан Тарапуза ( Злетово, 1933) е водечко име во современата македонска поезија за деца. Автор е на богат книжевен опус, високо вреднуван од крити