Најголемата електронска книжарница во Македонија, КупиКнига.мк ја објави листата на топ 20 најпродавани книги во 2014 година. Светскиот бестселер „Светот не е фабрика за исполнување желби“ (en.The fault in our stars) кој доби и светска премиера на филм, заслужено се најде на првото место. Како и минатата година, така и оваа, книгите на Коста Петров ги заземаат повисоките места на листата најпродавани книги по пат на електронска трговија. Само 3 македонски автори се најдоа на оваа листа меѓу кои и Марија Јаневска и Венко Андоновски. Жанровски најкупувани се книгите кои припаѓаат на категориите: белетристика, љубовни, бизнис прирачници и трилери.Во прилог е целосната листа на топ 20 најпродавани книги:
1. Светот не е фабрика за исполнување желби – Џон Грин
2. Се гледаме на врвот – Коста Петров
3. Тајната на сопругот – Лиен Мориарти
4. Нашето последно кафе – Коста Петров
5. Јас и ти – Кристан Хигинс
6. Последната пролет во Париз – Јелена Бачиќ Алимпиќ
7. Рингишпил – Јелена Бачиќ Алимпиќ
8. На една свадба – Џули Џејмс
9. Во врска со онаа ноќ – Џули Џејмс
10. Дете 44 – Том Роб Смит
11. Само пријатели – Колин Хувер
12. Белешките на Лајла Грејс – Марија Јаневска
13. Ќерката на математичарот – Венко Андоновски
14. Во одбрана на Џејкоб – Вилијам Лендеј
15. Ангелски повик – Гијом Мисо
16. Како да ги унапредите своите преговарачки вештини – Д. Р. Гилберт
17. Прељуба – Пауло Коелјо
18. Сосед од пеколот – Р.Л. Метјусон
19. Дигитална тврдина – Ден Браун
20. Пакет: На една свадба + Во врска со онаа ноќ – Џули ЏејмсВо прилог е целосната листа на топ 20 најпродавани книги: