Домашно лепче со лук и кашкавал!

Вкусено и меко лепчеСостојки
1 лажичка сол2 лажици маслиново масло1 лажица мед2 парчиња лук издробен25 гр. путер100 гр. кашкавал рендан7 гр. квасец сув500 гр. брашномајчина душичка
Подготовка:
Во голем сад додадете го брашното, солта и квасецот. Во друг сад помешајте 300 мл. топла вода со медот и маслиновото масло па додадете ја оваа смеса во брашното. Месете додека не се соедини, па префрлете го тестото на набрашнета површина.
Продолжете со месење околу 5 минути, додавајќи малку брашно по потреба додека тестото не се лепи. Распоредете го тестото во тава за печење. Помешајте го путерот со лукот, и распоредете парчиња одозгора врз лебот. Распоредете го одозгора ренданиот кашкавал и исецканата мајчина душичка.
Покријте ја тавата со намрсена фолија и оставете го тестото на топло место околу 40 минути да порасне. Загрејте ја рерната на 200 степени. Тргнете ја фолијата и печете го лебот околу 30 минути. Оставете го да се олади 10тина минути и пресечете го на 12 еднакви парчиња.Состојки
1 лажичка сол2 лажици маслиново масло1 лажица мед2 парчиња лук издробен25 гр. путер100 гр. кашкавал

Пронајдете не на следниве мрежи: