Подгответе вкусен и крцкав Фереро рошер колач

Брзо,вкусно и лесноСостојки:
За кора:
100g путер
100g шеќер во прав
4 јајца
130g црно чоколадо со над 50% какао
1 лажица какао во прав
1 кесичка ванилин шеќер
70g брашно
Прстофат сол
70ml слатка павлака
130ml млеко
За крем
400g Нутела
400g крем сирење
250g сечкани лешници
100g изронети наполитанки
За глазура:
200g црно чоколадо
200ml слатка павлака
Подготовка:
Со миксер изматете го шеќерот со путерот, а чоколадото стопете го на пареа.
Во путерот додадете ги 4-те жолчки, една по една, изладеното чоколадо и ванилиниот шеќер.
Брашното измешајте го со прашокот за печиво, па додадете го во смесата со лесно мешање. Додадете ја и слатката павлака, млекото и на крај белките кои ќе ги изматите како пена.
Во една тава распоредете ја смесата и печете ја кората на 180 степени околу 30 минути. Изладете ја кората и пресечете ја на два еднакви дела.
За кремот измиксирајте го крем сирењето со Нутелата, сечканите лешници и издробените наполитанки. Филувајте ја едната кора, па покријте со втората.
Чоколадото за глазурата истопете го на пареа и измешајте го со слатката павлака. Прелијте преку колачот.
Декорирајте по желба со уште лешници или рендано чоколадо.Состојки:
За кора:
100g путер
100g шеќер во прав
4 јајца
130g црно чокола

Пронајдете не на следниве мрежи: