Подгответе вкусна раванија која не се рони и има одличен вкус.Состојки:
3 јајца
½ чаша шеќер
1 чаша кисело млеко
1 чаша масло
1 чаша гриз
3 лажици брашно
½ ќесичка прашок за печиво
1 рамно лажиче сода бикарбона
кора од 1 лимон.
Шербет:
2 ½ чаши вода
2 ½ чаши шеќер
½ лимон.
Подготовка:
Најпрво е добро да се подготви шербетот за да може да се олади. Се ставаат шеќерот и водата во тенџере на оган на средна температура. Откако шербетот ќе зоврие, се остава да се вари уште 5 минути. Потоа се додава лимонот исечен на кришки и се вари уште 3 минути. Се трга од рингла и се остава да олади.
Јајцата и шеќерот се ставаат во сад за матење. Се матат со миксер додека шеќерот се растопи и се добие густа смеса.
Киселото млеко и сода бикарбоната се мешаат во друг сад. Потоа се додава киселото млеко во садот со јајца и се меша со лажица. Се додаваат и останатите состојки редоследно.
Смесата се истура во намрсена тава (20х30) и се пече во загреана рерна од 200 степени додека раванијата порумени и се формира кора на површината.
Жешка раванијата се полива со ладниот шербет. Откако за кратко време ќе се впие шербетот, се сече на посакувани коцки или ромбоиди и се служи со сецкани ф`стаци или некое друго јаткасто овошје врз секое парче. На здравје!
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
3 јајца
½ чаша шеќер
1 чаша кисело млеко
1 чаша масло
1 чаша гриз