Зачинете ги со босилек, бидејќи така шпагетите се уште повкусни…Состојки:
200гр шпагети
350гр свежи шампињони
250мл павлака за готвење
Сол, бибер
Мајоран
2- 3 чешниња лук
1 главица кромид
Малку маслиново масло
Пармезан
Босилек
100гр печеница
Подготовка:
Кромидот сито исецкајте го и продинстајте на малку вода неколку минути да омекне. Кога водата ќе испари додадете малку маслиново масло. Шампињоните измијте ги и ицецкајте ги ситно. Додадете ги во кромидот и заедно динстајте уште 10-ина минути. Кога водата ќе испари сипете ја павлаката и мешајте додека не се соединат состојките. Додадете ги зачините и ситно сецканиот лук. Печеницата исецкајте ја на ситни коцки и посебно испржете ја без маснотии, колку да добие боја, а потоа додадете ја во сосот. Сварените шпагети прелијте ги со сосот и наросете со пармезан. Пријатна вечера.Состојки:
200гр шпагети
350гр свежи шампињони
250мл павлака за готвење
Сол, бибер
Мајоран