Десерт кој потполно го полуде интернетот: Целиот свет го прави „Магичниот колач“, еве зошто…

Трослојниот десерт познат  како  магичен  колач стана хит на Интернет, а неговата привлечност  лежи  во фактот што  за неговата подготовка не треба  посебни  состоки и  техники.

Она што  го чини поинаков од останатите колачи  е тоа што   мекото  тесто  се пече на ниска температура, поради што  се создаваат  два слоја: густ,мек базен слој и кремаста средина.
Ние ви  го претставуваме основниот рецепт, но  вие можете да епспериментирате и  да додадете чоколадо, лимон, различни ликери и слично.

Состојки:
4 јајца
120 гр шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
115 гр стопен или  ладен путер
95гр брашно
400 мл топло млеко

Подготовка:
Жолчките изматете ги  со  шеќерот мешајќи  додадете ја ванилата и  путерот, потоа брашното и  на крај постепено  додавајте го  млекото. Во  смесата потоа додадете ги претхотно имзатените белки.
Смесата ставете ја во калап и  печете  на температура помеѓу 160 и 175 степени. Оставете да се пече од 40 до 70 минути. Оставете го  колачот да се лади барем три часа. За декорација посипете со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.