Забележете го овој рецепт, бидејќи ќе ви притреба уште утре!Состојки:
500гр брашно
малку сол
20 гр квасец
1 лажичка шеќер
100 мл вода
200 мл млеко
2 јајца
120 гр маргарин
За фил:
500 гр рендано сирење
2 јајца
1 шолја јогурт
За премачкување:
1 жолчка
сусам
Подготовка
Во млака вода помешајте го шеќерот и квасецот, оставете десетина минути да отстои. Брашното просејте го, додадете сол, јајцата, маргаринот, млекото и на крај надојдениот квасец. Замесете го тестото со рака, покријте со крпа и оставете на топло да стане двојно. Надојденото тесто преместете го и поделете го во 6 еднакви дела. Сите состојки за фил спојте ги и промешајте за смесата да биде изедначена.
Сте пробале ли ТИРОПИТА – Грчки специјалитет за пита со сирење кој ќе ве воодушеви – Погледнете ТУКА.
Едниот дел развлечете го до големина на тепсијата во која ќе печете. Овој дел ставете го во претходно подмачкан плех со масло. Премачкајте со дел од филот и продолжете со постапката, дел тесто, фил, тесто….Водете сметка филот подеднакво да го распределите. Завршете со тесто.
Премачкајте со жолчка и ставете сусам. Погачата исечете ја на 8 дела (како торта) и оставете уште десетина минути да отстои. За тоа време вклучете ја рерната на 250 С да се загрее.
Печете на 200С, 40 до 50 минути или додека не порумени. Погачата покријте ја со хартија за печење првиот половина час, за да не изгори, а потоа тргнете ја хартијата и печете се додека не порумени.
Добар апетит.
Повеќе кулинарски трикови, рецепти, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
500гр брашно
малку сол
20 гр квасец
1 лажичка шеќер
100 мл вода
200 мл м