Подгответе го овој превкусен десерт…Состојки:
Посни бисквити (500-600 грама)
3-4 супени лажици слатко или мармалад од портокал
2-3 супени лажици мармалад од кајсија
100 грама посна чоколада
400 грама шеќер
5-6 супени лажици посно млеко во прав
1 литар вода
3 пудинзи од ванила
200 грама маргарин
1 пакетче ванилин шеќер
200 грама блага павлака за колачиња
2-3 супени лажици инстант-кафе во една чаша млака вода
Подготовка на кремот: Во еден литар врела вода се подготвува разматеното посно млеко. На тивок оган се пржи шеќерот, со мешање, додека не стане карамела. Потоа, веднаш се тргнува настрана и во тоа мешајќи се додава подготвеното жешко млеко. При додавањето може да се направи пена, но тоа е нормално. За да се стопат сите грутки шеќер, млекото со карамелата треба да се вари на тивок оган, пет до 10 минути. Кога шеќерот сосема ќе се стопи, тенџерето се трга од огнот и во него се додаваат подготвените пудинзи, разматени само со малку вода. Потоа пак се враќа на огнот, се вари неколку минути додека не стане густо.
Во изладен крем се додава маргарин, претходно добро изматен со ванилин шеќер. Потоа се додава претходно изматената павлака.
Подготовка на филот: мармаладот треба да се подгрее на тивок оган, со мешање. Потоа се меша со слаткото од портокал и заедно се пасира.
Бисквитите, пред да се наредат, се потопуваат во инстант-кафето разматено во вода. Се редат во три слоја, така што врз секој слој бисквити прво се става од филот, па врз него кремот. На крај тортата цела се премачкува со кремот и врз тоа се става глазура. Тортата треба да стои една ноќ во фрижидер.Состојки:
Посни бисквити (500-600 грама)
3-4 супени лажици сла&s