Немојте да гледате ако сте на диета. Овој видео рецепт е прегледан неверојатни 35 милиони пати. И ќе ви биде јасно зошто.Компирот добро измијте го сварете го со лушпата. Потоа излупете го и додадете путер, јајца, сол и малку бибер, па добро изматете и направете пире. За да се згусне смесата, додадете брашно, па измесете цврсто тесто.
Додадете уште брашно, ако тестото ви се лепи за раце.
Потоа во загреано тавче ставете малку масло, па половината од тестото развлечете го на дното од тавчето. Преку тестото наредете шунка и кашкавал, па одозгора ставете го останатиот дел од тестото.
Оставете да се пржи на рингла три до четири минути, а потоа превртете на другата страна додека не порумени.Компирот добро измијте го сварете го со лушпата. Потоа излупете го и додадете путер, јајца, сол и малку бибер, па добро изматете и направете пире.