Направете мафини со боровинки по рецепт на Гвинет Палтроу

Сигурно не сте знаеле дека оваа холивудска актерка е љубител на готвењето. Таа има издадено книга за готвење на здрави и вкусни оброци.Еве еден од многуте:
Мафини со боровинки

Состојки:
½ чаша растително масло
½ чаша млеко од соја
½ чаша сируп од јавор
¼ чаша сок од агава
1чаша бело брашно
1 чаша брашно од цело зрно
2 мали лажици прашок за пециво
½ мала лажица сол
2 и ½ чаши боровинки
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Измешајте го маслото, млекото, сирупот и сокот во еден сад, а во другиот брашното, прашокот за пециво и солта. Потоа додајте ги течните состојки во сувите и на крај ставете ги и боровинките. Печете додека мафините не станат златно-кафени и додека ножот не излезе чист кога го ќе ставите во смесата, околу 25-30 минути. Се служат топли.Еве еден од многуте:
Мафини со боровинки

Пронајдете не на следниве мрежи: