Чоколаден колач: Минимум калории за максимално уживање!

Рогачот како замена за чоколадо.Подгответе го овој колач, кој содржи многу малку калории, а е навистина многу вкусен! Доколку внимавате на вашата линија, ова е вистински избор за вас!
1. Сомелете кекс и помешајте го со стопен маргарин. Додадете сецкани лешници. Смесата ставете ја во плех или калап по желба и оставете малку да отстои и да се стегне.
2. Исецкајте јаболка на коцки и со лажица посипете шеќер, додадете малку лимонов сок и 2 дл вода. Ставете на оган и пуштете да се пржи, додека јаболката не омекнат потполно. Потоа исцедете и направете ги во пире.
3. Помешајте ги сите суви состојки за крем (рогач, кокосово и скробно брашно, мелени и сецкани лешници, шеќер и сол). Додадете пире од јаболка и бадемово млеко и соединете со сувите состојки. Смесата ставете ја во калап во кој веќе сте направиле подлога од кекс.
4. Печете во рерна загреана на 180 степени, околу 20 минути, додека не се стврдне површината.
5. По печењето, колачот осладете го на собна температура, па ставете го во фрижидер уште еден час. Можете да му ставите мед или јаворов сируп.
Уживајте!Подгответе го овој колач, кој содржи многу малку калории, а е навистина многу вкусен! Доколку внимавате на вашата линија, ова е вистински избор за

Пронајдете не на следниве мрежи: