Решти (Rösti) е многу едноставно, изворно швајцарско јадење од компири. Настанало во кантонот Берн. Го измислиле фармерите, на кои рештито им било секојдневен појадок. Денес ова јадење е распострането ширум Швајцарија.
Оригиналното решти се прави од посебна сорта решти компири. Додатоци кои се потребни се само сол и путер.
За едно лице ви е потребно:
2 компира – средна големина, малку путер и сол.
Подготовка:
Компирите добро измијте ги (по можност бел компир). Можете да ги сварите до половина (да останат тврди), изладете ги, излупете им ја кората, па изрендајте ги. За рендање користете ги крупните запци од стандардното метално ренде.
Така изренданиот компир посолете го по вкус и измешајте. Во тавче растопете малку путер, по желба можете да користите некој друг вид на маснотија. Компирот распоредете го по тавчето и натапкајте да биде како палачинка. Рештито треба да биде дебело околу 1 см за полесно да се испече. од двете страни. Во согласност со тоа одберете и тавче кое ќе биде со големина која ќе одговара.
Пржете ја компир палачинката на умерен оган, од двете страни по 7 до 10 минути, додека убаво не зарумени.
Во верзијата со полуварени компири пржењето ќе трае нешто пократко и нема да дојде до ситуација рештито да остане суво помеѓу корите.
Наместо да се пржи, решти може да подготвите и со печење во рерна…
Погледнете го начинот на подготовка подетално во видеото на НАЈАДИСЕ.МК Денес ова јадење е распострането ширум Швајцарија.
Оригиналното решти се прави од посебна сорта решти компири. Додатоци кои се потребни се