Вкупно време за подготовка: 2 часа / Порции: 10 Како круна со ф’стаците на врвот, чоколадната торта е навистина достојна да ја имате на вашата трпеза за време на празничните денови.
За тестото:
1/2 чаша несолен путер, се сече на мали парчиња, дополнително за тавчето
1 чаша брашно, дополнително за тавчето
1/2 лажичка сол
1/4 лажичка прашок за пециво
250 гр.чоколадо за готвење, грубо исецкано
1 1/4 шолји шеќер
1 лажичка чист екстракт од ванила
2 големи јајца
1/2 чаша ниско-маслено млеко
3/4 чаша, несолени ф’стаци, грубо исецкани
За смесата од чоколадо:
1/2 чаша крем пена, слатка павлак
120 гр. чоколадо, грубо исецкано
1/4 чаша несолени ф’стаци, грубо исецкани
Чекор 1
За подготовка на тестото: Загрејте ја рерната на 350 степени. Ставете хартија за печење. Измачкајте ја хартијата со путер и брашно. Во среден сад, изматете брашно, сол и прашок за пециво . Ставете го на страна.
Чекор 2
Во голем огноотпорен сад се топиме путерот и чоколадото, мешајќи често , 4-5 минути. Тргнете го садот од топлината. Измешајте шеќер и ванила, а потоа додадете ги јајцата, млекото и ф’стаците. Ставете го брашното во мешавината, и месете до добивање хомогено тесто.
Чекор 3
Готовото тесто се става во подготвената тава . Се пече, 60-70 минути. Потоа изладете го тестото во тавата околу 5 минути, па внимателно со нож се отстранува хартијата и се остава да се излади целосно, околу 3 часа. (За подолго чување, ставете го тестото во пластичен сад на собна температура , до 3 дена).
Чекор 4
За кремот: Во мал сад, загрејте го кремот до вриење; Потоа отстранете го од топлина . Додадете го чоколадото, и оставете го 5 минути; па мешајте ја смесата, додека не се изедначи . Оставете да се излади, 2-6 минути.
Чекор 5
Наместете го тестото на послужавник. Навијте ленти од пергамент хартија под работ на тестото за да се спречи капењето на кремот од послужавникот. Истурете го кремот во центарот на тестото и со нож, размачкувајте рамномерно на сите делови од тестото. Оставете, да отстои околу 30 минути. Отстранете ја хартијата од под тортата и посипете го врвот со ф’стаци.
Како круна со ф’стаците на врвот, чоколадната торта е навистина достојна да ја имате на вашата трпеза за време на празничните денови.