Со овој трик подгответе поздрав ориз со два пати помалку калории

Оризот преставува клучна намирница во многу култури затоа што одлично се сложува со голем број различни кујни- и е релативно евтин. Но, како и бројни други намирници богати со скроб, има една голема мана- не е претерано здрав за нас. Но, тоа наскоро би можело да се промени.Конзумирањето на бел ориз е поврзано со зголемен ризик за заболување од дијабетес. Шолја варен ориз содржи 200 калории, од кои повеќето доаѓаат во облик на скроб, кој се претвора во шеќер, и многу често во сало.
Но, што доколку постои начин оризот малку да се измени за да биде поздрав?
Студент од Универзитетот за хемиски науки од Шри Ланка и неговиот ментор осмислиле нов начин на готвење на оризот кој би можел да го намали бројот на калории за 50 проценти, па дури и да понуди некои здравствени предности.
Овој нов метод во суштина е проста манипулација на хемиската структура на оризот и во пракса вклучува само неколку прости потези.
„Оризот го готвевме како и обично, но само во моментот кога водата почна да врие, пред оризот додадовме кокосово масло- околу 3 проценти од тежината која ја има оризот кој го готивиме. Кога се беше подготвено го оставивме оризот 12 часа во ладилник“, изјавил Судаир Џејмс кој ги претставил резултатите од истражувањето.
Но, за да разбереме во што е разликата, потребно ни е да знаеме  некои основи на хемијата.
Секој скроб не е еднаков. Одреден, познат како лесно варлив скроб, многу брзо се вари и брзо се претвора во глукоза, и потоа во гликоген. Вишокот гликоген негативно влијае на нашата линија доколку не потрошиме доволно енергија која ќе го согори.
Друг вид на скроб, кој е уште попознат како скроб кој поспоро се вари, се вари значително поспоро, не се претвора во гликоген затоа што телото не може да ги вари и содржат значително помалку калории.

Во последно време се појавуваат се повеќе научни докази кои покажуваат дека е можно да се променат видовите на скроб во храната со промената на начинот на кој ќе бидат подготвени.
Постојат видливи промени кога истата храна се подготвува на различни начини.
Поради подготовката, компирот го губи добриот вид на скроб кој се претвора во нездрав кога го готвиме или пасираме. Процесот на загревање и ладење на одреден зеленчук, како грашокот, исто така може да го промени скробот.

Така и пржениот ориз како и оној зготвен за пилав, има поголема количина отпорен скроб во споредба со оној кој се вари и подготвува на пареа, колку и да изгледа тоа чудно.
„Доколку ја намалите количината на скробот кој лесно се вари во оризот готвен на пареа, можете да го намлите и бројот на калориите. Со додавање на кокосово масло и ладење на оризот успеавме драстично да го промениме неговиот состав- на подобро. Ладењето допринесува за промената, и на крај имаме поздрав оброк, дури и кога повторно ќе го загреете“, тврди др. Пушпараџах Таварајах кој го надгледува најновото истражување.Конзумирањето на бел ориз е поврзано со зголемен ризик за заболување од дијабетес. Шолја варен ориз содржи 200 калории, од кои повеќето доаѓаат во

Пронајдете не на следниве мрежи: