Портокал и желатин- фантастична и вкусна забава на која не можете да ѝ одолеете

Децата обожаваат грицки, а најлесно е да отворите кеса чипс и да им дадете да се занимаваат. Знаеме колку е нездрава оваа ужина, но постојат начини и здравата ужина да ја претворите во интересна и забавна.Оваа мајка го сторила токму тоа и направила вкусно и здраво желе од портокал.
За овој проект ќе ви биде потребно:
Кесичка желатин
3-4 портокали
Најпрвин исечете ги портокалите на половина и исцедете ги, а остатокот од пулпата со помош на лажица одвојте го од кората. Ќе ви биде потребно 200 мл сок од портокал. Спиете малку сок(обично се додаваат 4 лажици течност) во тенџерче и додадете го желатинот. Оставете да одстои неколку минути за да набабри желатинот, а потоа благо загрејте го, водејќи сметка  да не проврие и додадете го останатиот сок.
Варете го сокот на средна температура постојано мешајќи , неколку минути или додека желатинот не се раствори.
Тргнете го тенџерчето од огин, а корите од портокал ставете ги во тавче за мафини и наполнете ги со сок до половина, а потоа ставете ги во ладилник и сипете го остатокот од течноста.
Оставете ги портокалите во ладилник неколку часа. Потоа послужете по желба.
 Оваа мајка го сторила токму тоа и направила вкусно и здраво желе од портокал.
За овој проект ќе ви биде потребно:

Пронајдете не на следниве мрежи: