Пет карактеристики кои ги поседуваат најпривлечните мажи

Никој не вели дека совршениот маж мора да ги поседува сите пет карактеристики, но истражувањата велат дека што повеќе, тоа подобро.Еве кои се петте карактеристики кои ги имаат најпривлечните мажи, а голем дел од жените ќе се сложат со истите: 
Смисла за хумор
Освен што сакаат да се смеат, жените ја сметаат смислата за хумор за показател на интелект и социјална интелигенција. Со тоа, мажот кој има добра смисла за хумор делува релаксирачки и опуштено.
Брада
Брадата е еден од фаворитите помеѓу жените, а победник е т.н. “двонеделна” брада која е доволно видлива и му пружа на лицето помажествен изглед, но не е претерано долга.
Длабок глас
Мажите со длабок глас обично “проаѓаат” кај жените бидејќи делуваат многу помаженствено – тие се сметаат за посамоуверени, а и често помалку агресивни бидејќи нивниот длабок глас делува смирувачки.
Висина
Можеби не е фер, но факт е дека жените претпочитаат нивните партнери да се повисоки од нив. Оваа преференција доаѓа од каменото доба, кога високите мажи биле популарни помеѓу жените бидејќи делувале како добри заштитници.
Куче
Не е карактеристика … или сепак е? Истражувањата покажуваат дека мажите кои имаат фотографии со куче се сметаат за дури 24 отсто попривлечни од оние кои ги немаат. Со тоа, жените сметаат дека на таквите мажи многу полесно може да им се верува.
 Еве кои се петте карактеристики кои ги имаат најпривлечните мажи, а голем дел од жените ќе се сложат со истите: 

Пронајдете не на следниве мрежи: