Дали сте сексуално здрави?

Што е сексуално здравје и како да имате здрава сексуалност? Ви одговараме на овие прашања, пренесувајќи ги карактеристиките на сексуално здравите луѓе и факторите кои го загрозуваат сексуалното здравје.Сексуалното здравје е важен дел од човековиот живот и како такво има големо влијание врз нашето здравје во целина. Некои под поимот сексуално здравје ги подразбираат само здравствени проблеми поврзани со сексуалните активности, а други го сфаќаат во поширок контекст и го поврзуваат со самопочитта и меѓусобното задоволство.
Светската здравствена организација го дефинираше сексуалното здравје како “спој на телесните, емоционалните, интелектуалните и социјалните аспекти кај сексуално активна личност, на начин кој ја збогатува и истакнува индивидуалноста, духовноста, комуникацијата и љубовта”.
Во 1986. година, СЗО објави документ за сексуалното здравје во кој е истакнато дека можноста за уживање и контрола на сексуалното и репродуктивното однесување во однос на личните и општествените етички норми, е важно за секој човек.
Здравата сексуалност треба да се искористи без страв, грижа на совест, лажно претставување пред другите и останати психолошки фактори, кои ги спречуваат сексуалните реакции и може да го нарушат сексуалниот однос. Треба да се избегнуваат и психолошките оптеретувања, болести и други неправилности кои се однесуваат на сексуалноста и репродуктивната функција.
Карактеристики на сексуално здравите луѓе:
1. Покажуваат позитивно мислење за себе и своето тело.
2. Имат познавања за човековата сексуалност.
3. Хармонија помеѓу билошкиот пол, половиот идентитет, половите улоги и сексуалното однесување.
4. Нивното однесување е во склад со сликата која ја имаат за себе.
5. Свесни се за своите сексуални чувства и карактеристики.
6. Физички и психолошки се свесни за себе и другите.
7. Задоволни се со своето сексуално однесување и начин на живот.
8. Ја прифаќаат одговорноста за уживањето во сексот и репродукцијата.
9. Способни се да остварат квалитетни меѓучовечки односи со двата пола.
10. Имаат развиено свој систем на вредности.
Фактори кои го загрозуваат сексуалното здравје.
1. Несоодветен полов модел или негово целосно отсуство (на пример, родители со сексуални пореметувања или негативен став кон сексуалноста).
2. Оштетување на телото и телесните функции (болест, траума, лекови, бременост, абнормалности на половите органи).
3. Недостаток на знаење или лошо информирање во врска со сексот.
4. Физичко злоставување (силување)
5. Психолошко малтретирање.
6. Конфликт на вредности.
7. Губење на партнерот (смрт, развод).
8. Емоционална ранливост.
9. Психолошки фактори (гнев, грижа на совест, депресија, страв од несупех).
10. Алкохолизам.
11. Болничко лекување.
12. Прекумерна телесна тежина.
13. Замор.
Младите луѓе треба да се научат како, кога и на кој начин да се впуштат во сексуални односи. Уште поважно е да ги научат да разговараат за таа област, дека човековата сексуалност не е само телесна, психолошка или индивидуална, туку и фактор за кој имаме одговорност пред партнерот.
 Сексуалното здравје е важен дел од човековиот живот и како такво има големо влијание врз нашето здравје во целина. Некои под поимот сексуално здрав

Пронајдете не на следниве мрежи: