Мажот има право да продолжи со секс иако жената вели “стоп”

Северна Каролина е единствената американска федерална држава во која законот експлицитно вели дека не можете да се повлечете од вашата одлука за секс доколку еднаш сте се согласиле. Предлог законот за отстранување на “оваа дупка во законот” не наишол на голема поддршка.Една мајска вечер во 1977 година, Беверли Хестер била сексуално нападната. Таа сведочела дека Дони Веј ѝ се заканувал дека ќе ја претепа ако не се согласи да има секс со него додека биле во станот на нивниот пријател. Кога се обидела да побегне, тој ѝ удрил шлаканица. 
Хестер изјавила на суд дека Веј ја присилувал на секс и орално да го задоволува. Таа рекла дека присилно спиела со него и покрај тоа што го молела да не го прават тоа, бидејќи била девица. Тој престанал да ја силува откако се пожалила на болки во стомакот. Кога стигнала во болницата ѝ кажала на својата мајка дека била силувана.
И покрај нејзиното сведочење, поротата делувала како да се колеба бидејќи Хестер првично прифатила да има секс со Веј. За време на состанокот, членовите на поротата се вратиле и го прашале судијата дали може “согласноста за секс да биде повлечена”. Судијата напоменал дека може, посебно во случаеви кога односот станува насилен. Веј е осуден за силување од втор степен.
Меѓутоа, Државниот Врховен Суд не се согласил со одлуката за повлекување на согласноста. “Ако веќе се случила пенетрација во согласност на жената, тогаш обвинетиот не е виновен за силување, можеби е виновен за некои други насилства во текот на акцијата”, објаснил Врховниот суд.
Како последица на тоа, во последните 38 денови, жените во Северна Каролина-како и деветнаесетгодишната Алија Палмер, која наводно се согласила на секс со маж за време на забава, но се предомислила кога станал насилен. Таа законски не можела да ја повлече согласноста откако сексуалниот чин веќе започнал. “Тоа е навистина глупаво”, изјавила Палмер. “Кога ќе ти кажам да престанеш, а ти продолжуваш да го правиш тоа, тогаш станува збор за силување”.
На 30 март оваа година бил донесен предлог закон од страна на државниот сенатор Џеф Џексон, со кој би се изменил овој грозен закон. Џексон за Vice.com кажува дека прв пат се среќава со ваква “дупка” во законот додека работел како обвинител, кога неговото обвинителство поради таквите околности било приморано да ги повлече тужбите за силување.
Анџелика Винд е извршен директор на “Нашиот глас”, агенција од Северна Каролина за интервенцјиа и превенција кај жртви на сексуално насилство. Таа вели дека нивниот став за “согласност” мора да биде ентузијастички и непрекинат и дека дозволувањето на жените да се повлечет од таа согласност е од големо значење за државата Северна Каролина.
Но, ова не завршува тука. Законот, исто така, вели дека кога силувањето ќе се случи, тоа всушност не се случило, додава Винд. “Практично им велите на жените кои се силувани дека тие не биле силувани и поради тоа ќе бидат помалку склони за да побараат помош…поради што би започнале со лекување”.
Иако Северна Каролина не е единствената земја каде жените не можат да ја повлечат својата согласнот откако ќе започне сексот, во многу други држави тоа е сива зона. Само Јужна Дакота, Конетикат, Калифорнија, Илионоис, Мејн, Мериленд, Канада и Минесота потврдуваат дека согласноста може да биде повлечена.
 Една мајска вечер во 1977 година, Беверли Хестер била сексуално нападната. Таа сведочела дека Дони Веј ѝ се заканувал дека ќе ја претепа ако не се

Пронајдете не на следниве мрежи: