Не се во прашање никакви ланци и окови, туку само проверени ситници и тактики!Изневерувањето за многу жени е најлошата работа што може да се случи во една врска, а голем број од изневерените жени веќе никогаш не успеваат да се оправат до крајот. Понекогаш е невозможно да се спречи, а посебно ако сте во врска со некој кој не може да биде моногамен, но со овие неколку совети барем ќе дознаете дека сте преземале се за да не дојде до неверство.
Бидете свесни дека сите сме способни да изневериме: Никогаш не велете никогаш, па така никогаш немојте да тврдите дека токму вие не би можеле да го изневерите партнерот. Животот често не тестира токму таму каде што мислиме дека сме најсилни, а еднаш кога ќе признаете дека тоа може да му се случи секому, автоматски ќе бидете поопуштени по прашањето на изневерувањето. Жените кои се во постојан грч заради можноста да бидат изневерени, токму со тоа несвесно ќе го доведат партнерот во состојба во која тоа му се чини како единствен излез. Може да ви се случи и вам, може да му се случи и нему, но се надеваме дека нема.
Погрижете се за овие четири клучни работи: Мажите изневеруваат од различни причини, а истражувањата покажуваат дека тоа најчесто го прават бидејќи во врската не добиваат доволно внимание, нежност, благодарност и одушевување. Вистина е дека заради забрзаниот животен ритам често забораваме да му покажеме на партнерот колку ни значи, и се надеваме дека тој го знае тоа и без да му кажеме. Ако во врската секојдневно ги вклучувате овие четири работи, ја намалувате шансата партнерот тоа да го побара на друго место.
Внимавајте на своето однесување: Голем број жени толку интензивно се занимаваат со можноста партнерот да ги изневери, што понекогаш затвораат очи пред работите што самите ги прават. Вашите разговори со колегата за време на ручекот можат да ја преминат границата, а тоа многу лесно ќе се случи ако цело време барате знаци на изневерување кај партнерот, а ги игнорирате кај себе.Изневерувањето за многу жени е најлошата работа што може да се случи во една врска, а голем број од изневерените жени веќе никогаш не успеваат да с